Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Јули 2016

Објава



ОБЈАВА 01/2016 

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија

по пат на  електронско јавно наддавање во Општина Струмица

КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ПРОЕКТЕН ТИМ ЗА ПРОЕКТ ’’БИЗНИС МРЕЖА С-К-К’’

Во рамките на реализацијата на проектот “БИЗНИС МРЕЖА С-К-К”, финансиран од Европската Унија преку ИПА Програмата за  прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007-2013, Општина Струмица на ден 29.07.2016 година објавува: КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ПРОЕКТЕН ТИМ ЗА ПРОЕКТ ’’БИЗНИС МРЕЖА С-К-К’’.


Работна средба на Комисијата за спроведување на јавен повик за проекти од Здруженија на граѓани од Општина Струмица со Претставници на Здруженијата на граѓани чии проекти се грантирани од Буџетот на општина Струмица за 2016 година

Во просториите на Дом на АРМ денес, 28.07.2016 година (четврток), Комисијата за спроведување на јавен повик за проекти од Здруженија на граѓани од Општина Струмица  одржа работна средба со Претставници на Здруженијата на граѓани чии проекти се грантирани од Буџетот на општина Струмица за  2016 година заради координација, усогласување и наредни постапувања кои се однесуваат на реализацијата на активностите согласно процедурата за распределба на финансиските средства и потпишаните договри.

Реакција на општина Струмица на одржаната прес конференцијата на Гром

Општина Струмица по многу параметри и истражувања од релевантни институции е докажана како најтранспарентна и најотчетна општина во државата. Општина Струмица од 2005 год предводена од Градоначалникот Зоран Заев, како сервис на граѓаните, со труд и длабока посветеност го носи и  го чува овој примат. Ваквото долгогодишно признание се должи на почитувањето на законската регулатива. Впрочем, државните контроли и инспекции се редовно секојдневие во општинската зграда.
Замајувањето на јавноста и граѓаните со конфузни прес конференции во кои се покажува елементарно непознавање за надлежностите на општината,  се само гол обид да го оцрнат името на градоначалникот на општина Струмица.


Одбележана четиригодишнината од големиот шумски пожар над Струмица


Со положување свежо цвеќе пред спомен одбележјето во центарот на градот, Општина Струмица им оддаде почит на четворицата граѓани на кои ги загубија своите животи од големиот шумски пожар што се случи на денешен ден пред четири години.
Во чест на Блажо Стојков и Пено Стојанов од Рич, Мите Ѓоргиев од Струмица и Војо Гркланов, а по повод четиригодишнината од трагичниот наста, претседателот на Советот на општина Струмица Јосиф Христов, ја даде следната изјава:

Одржана 42. седница на Советот на општина Струмица

 Општина Струмица и понатаму ќе остане единствената општина во државата без кредитно задолжување. Откажан е планираниот кредит од 43 милиони денари кои требаше да бидат наменети за наредните фази од изградбата на гасификацијата, кои Општината ќе ги реализира со сопствени средства.

Страница 1 од 6

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544