Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Септември 2016

Струмица - Кичево – Кукуш во заеднички проект „Бизнис мрежа С-К-К“

Во рамките на реализацијата на проектот ,,Создавање на поволно деловно опкружување за економска одржливост на прекуграничниот регион Струмица - Кичево - Кукуш” - Бизнис Мрежа С-К-К, финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу

Општина Струмица дел од „Ајде Македонија“

Струмица е една од 55-те општини во државата, во која денес се спроведе националната еколошка акција „Ајде Македонија“. Според информацијата од Силвана Црвенмицева од Одделението за заштита на животната средина, учениците од основните и средните општински училишта,

Преку „Систем 48“ во август решени 217 проблеми на граѓаните

Во општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на  месец август, биле доставени 221 пријави, од кои решени се 217, а останатите 4 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. 

Санирани ударните дупки на улицата „11 Октомври“

Продолжуваат активностите за санирање на ударните дупки во градот и населените места, согласно Програмата за улици и патишта на општина Струмица за  2016 година. Според информацијата од Одделението за комунални работи на Општина Струмица, денес се санирани (пополнети со асфалт) ударните дупки на улицата „11 Октомври“ , на потегот од улицата „Цветан Димов“ до булеварот „Ленинова“.  За овој зафат, обезбедени се средства од Буџетот на општина Струмица. Активностите за санирање на ударните дупки ќе продолжат и во наредниот период, со што ќе биде опфатена површина од над илјада метри квадратни.

Извршено генерално чистење на централниот дел од Куклиш

По барање на месното население од село Куклиш, денес  ЈПКД „Комуналец“ изврши  сеопфатно чистење на централниот дел на ова населено место. Според зборовите на Бранко Георгиев, раководител на Одделот „Чистота“ при ЈПКД „Комуналец“, при чистењето  се опфатени и улиците кои грвитираат кон центарот на селото, а се отстранети и две помали диви депонии на влезот во Куклиш. Со тоа, Куклиш и куклишани, подготвени ќе ги дочекаат гостите од Велико Банатско Село, кои утре ќе пристигнат во посета кај своите домаќини од КУД „Браќа Минкови“ од Куклиш. Општина Струмица и овој пат, како и до сега, позитивно ги решава барањата и потребите на граѓаните, како од градот, така и од населените места.


Асфалтирани три улици во село Муртино

По завршувањето на неопходните подготвителни работи, денес беа асфалтирани три улици во селото Муртино, како дел од Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2016 година, на општина Струмица. Според најавите од надлежните служби, во наредните денови ќе бидат асфалтирани улици и во населените места Габрово, Банско, Свидовица и Куклиш. За денешниот и наредните зафати, обезбедени се средства од Буџетот на општина Струмица.

Страница 1 од 9

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544