Вести - Декември 2016
Новогодишно обраќање на градоначалникот Зоран Заев PDF Печати

Драги мои сограѓани,

Повеќе од една деценија, во миговите кога се разделувавме од една, а пречекувавме друга година, ви се обраќав со радост за да  ги пренесам  моите најискрени новогодишни желби до сите Вас. Чувствувам огромна потреба, од длабочината на мојава  душа и од се срце, тоа да го направам и овој пат. Не сакам да ги употребам зборовите „за последен пат“, оти овие зборови се за луѓе кои се збогуваат, а јас ниту можам, ниту сакам да се збогувам со Струмица и со своите сограѓани. Се тече, се се менува, а времето и состојбите си го прават своето. Тие носат промени кои се неизбежни во нашите животи, и како такви треба да ги прифатиме.

 
Општина Струмица подари новогодишни пакетчиња на детското одделение во медицинскиот центар PDF Печати

Општина Струмица и пред овие новогодишно – божиќни празници не ги заборави дечињата на детското одделение во медицинскиот центар во Струмица. Заменик градоначалникот Костадин Костадинов и членот на Советот на општина Струмица, Петар Божинов, денеска им подарија новогодишни пакетчиња на дечињата хоспитализирани на детското одделение посакувајќи им побрзо да оздрават и весело и безгрижно детство во Новата 2017 година. Новогодишно – божиќните празници им ги честитаа и на вработените на ова одделение.

 
Општина Струмица им подари новогодишни пакетчиња на децата на загинатите армиски бранители во Прилеп PDF Печати

Општина Струмица и годинава ја потврди својата континуирана грижа за децата не само во Општината, туку и надвор од неа, особено за Нова година, на која децата посебно и се радуваат. Градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица подарија новогодишни пакетчиња на 80 деца од кои 15 се на загинатите армиски бранители на месноста Карпалак и 65 деца на членови резервисти на Здружението на резервни воени обврзници учесници во настаните 2001 – 2002 година од Прилеп. Претставници на Општината им ги подарија пакетчињата и со тоа придонесоа и овие деца да им се радуваат на новогодишно – божиќните празници.

 
Фирмата „Пакомак“ донираше контејнери во основните и средните училишта PDF Печати

Во основните и средните училишта во општина Струмица денеска беа поставени пластични контејнери, донација од фирмата „Пакомак“ одговорна за отпад од пакување, а со која Општината има соработка. Донирани се вкупно 20 контејнери, од кои 10 за хартија и 10 за пластика и лименки. Целта на поставувањето на овие контејнери е создавање на навики на младата популација за искористување на секундарните суровини.

 
Училиштето од Куклиш со донација за домот на деца без родители „11 Октомври“ PDF Печати

Учениците и вработените во основното училиште „Даме Груев“ од населеното место Куклиш денеска на дело ја потврдија својата хуманост, а по повод новогодишно – божиќните празници. Тие реализираа собирна акција и собраните производи се донирани во домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. Соработката меѓу училиштето и домот започна минатиот месец на предлог на наставничката Василка Василева, а беше прифатен од сите родители, по што беше реализирана посета на домот на деца без родители „11 октомври“ во Скопје.

 
Општина Струмица и годинава им подари новогодишни пакетчиња на членовите на „ПОРАКА“ PDF Печати

Традиционално на крајот и од оваа година, синоќа, во Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост се одржа предновогодишна забава на која присуствуваа претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и членот на истиот, Петар Божинов. Забавата помина во пријатна и празнична атмосфера во која покрај членовите на „ПОРАКА“ свој придонес имаа и членови на Младинскиот совет.

 
Учениците од СОУ „Никола Карев“ одржаа симулација на седница на Совет на општина Струмица PDF Печати

Во организација на Центарот на заедницата на општина Струмица, а во соработка со Советот на општина Струмица, денеска, се  реализираше симулација на седница на Советот со учениците од четврта година од средното општинско училиште „Никола Карев“ од Струмица, под менторство на Марјан Ефтимов, професор по граѓанско образование.

 
Претседателот на Советот Јосиф Христов им ја честиташе Новата година на децата со аутизам PDF Печати

Општина Струмица пред претстојните новогодишно – божиќни празници уште еднаш ја потврди континуираната поддршка на паралелките за образование на деца со аутизам во основното општинско училиште „Сандо Масев“ во Струмица.  Сите деца добија новогодишни пакетчиња од Дедо Мраз, а претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, придружуван од советниците Костадин Костадинов и Петар Божинов им ги честиташе претстојните празници со желба за поубава, посреќна и повесела Нова година.

 
Преку „Систем 48“ во ноември решени 171 проблем на граѓаните PDF Печати

Во општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на  месец ноември, биле доставени вкупно 190 пријави, од кои решени и одговорени се 171 пријава. Останатите 19 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа . 

 
«ПочетокПред1234СледноКрај»

Страница 1 од 4