Вести - Јануари 2017
Поради теснопартиски интереси на советничката група на ВМРО ДПМНЕ не се одржа 49-та седница на Советот PDF Печати

Четириесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица која што беше закажана за денеска, не се одржа. Според претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, седницата не се одржа поради тоа што не беше усвоен дневниот ред, односно, советниците на ВМРО ДПМНЕ гласаа против предложениот дневен ред. Со тоа се виде дека на советниците на ВМРО ДПМНЕ и Социјалистичката партија не им е до проблемите на граѓаните, не им е важно да се усвои Предлог – планот за запишување на учениците во прва година во средните општински училишта во учебната 2017/2018 година, туку, во преден план им се теснопартиските интереси.

 
Се отстрануваат и последните остатоци од снегот на плоштадот „Гоце Делчев“ PDF Печати

Екипа на работната единица „Чистота“ на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска работи на плоштадот „Гоце Делчев“. Иако досега во повеќе наврати и рачно и машински се чистеше снегот, со покачувањето на температурата и омекнувањето на замрзнатите остатоци од него, сега се врши целосно отстранување на остатоците од снегот. Во деталното чистење на плоштадот вклучена е специјална машина за таа намена и повеќе вработени во работната единица „Чистота“.

 
Општинската комисија за проценка на штети ги известува граѓаните да ги пријават штетите од снежните врнежи PDF Печати

 Врнежите од снег кои што ја зафатија општина Струмица во текот на овој месец предизвикаа материјална штета за која веќе има пријави од граѓаните. Претседателот на Комисијата за утврдување и процена на штети од природни непогоди при Советот на општина Струмица, Ацо Ѓоргиев, денеска, преку медиумите упати апел до граѓаните кои имаат претрпено штети, барањата да ги поднесат во најбрз можен рок за да се изврши увид и процена на штетите.

 
Општина Струмица со Прва локална стратегија за родова еднаквост и Програма за еднакви можности PDF Печати

Општина Струмица согласно своите законски обврски како и согласно своите надлежности, во своето тековно работење, но и при реализација на општински проекти, секогаш го има во предвид остварувањето на принципот на еднаквост и еднакви можности за сите и еднаков третман и забрана на секаков вид дискриминација.

 
Димитар Џорлев од ООУ „Видое Подгорец“ освои бронзен медал на меѓународен математички натпревар PDF Печати

На Факултетот за електротехника и информатички технологии во Скопје паралелно со другите европски земји се одржа престижниот меѓународен математички натпревар Европски математички куп (ЕМЦ хостиран на престижната математичка страна "artofproblemsolving.com"). Натпреварот се одржа во две категории сениори и јуниори до 17 години. Изборот на учениците беше извршен од единствените ранг листи од Јуниорската македонско математичка олимпијада и Македонската математичка олимпијада во претходната учебна година.

 
Решение за свикување четириесет и деветата седница на Советот на општина Струмица PDF Печати

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 
Општина Струмица ќе учествува во проектот „Креираме заедно“ PDF Печати

Општина Струмица преку општинските основни училишта ќе учествува во реализацијата на проектот „Креираме заедно“. Овој проект има за цел да се промовира инклузијата на децата со посебни потреби и да се намалат стереотипите за можностите на тие деца кои произлегуваат од најблиската средина во која секојдневно живеат и учат. Акцентот на проектот е ставен на себеизразување преку неколку аудио-визуелни методи, односно преку фотографски и видео работилници учениците да може да проговорат за своето секојдневие и да го одбележат тоа на соодветен начин.

 
Во 2016 година преку „Систем 48“ решени 1.817 проблеми на граѓаните PDF Печати

Преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ во 2016 година биле решени 1.817 проблеми на граѓаните од вкупно пријавените 1.956. Останатите 139 пријави се во процес на решавање бидејќи за нив е потребно подолго време затоа што се од инвестиционен карактер.Најголем број од пријавите во „Систем 48“ во текот на 2016 година се од уличното осветлување 1.260, од областа на собирање смет 267, од областа на водовод и канализација 130 пријави, општински инспекциски служби 50, паркови и зеленило 110 пријави и останатите биле од други области.

 
Одбележана 74-годишнината од убиството на првоборецот Герас Цунев PDF Печати

Пред спомен бистата која што се наоѓа во малиот градски парк, со пригодна свеченост беше одбележана 74-годишнината од убиството на првоборецот Герас Цунев. Од името на општина Струмица почит му оддаде и свежо цвеќе положи заменик градоначалникот Костадин Костадинов. На одбележувањето присуствуваа и членови на Советот на општина Струмица, а за животот и делото на Цунев зборуваше Соња Чурлинова, претседател на Општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ и граѓани продолжувачи.

 
«ПочетокПред1234СледноКрај»

Страница 1 од 4