Вести - Април 2017
Членовите на „Детската амбасада за сите деца во светот“ од Прилеп во посета на општина Струмица PDF Печати

Салата на Советот на општина Струмица денеска беше полна со деца - членови на „Детската амбасада за сите деца во светот“ со седиште во Прилеп, а во рамките на нивната дводневна посета на Општината.

 
Советот на општина Струмица ја одржа 52-та седница PDF Печати

На педесет и втората седница на Советот на општина Струмица беа донесени повеќе одлуки, програми и извештаи со кои се подобрува квалитетот на животот на граѓаните. Советниците ги усвоија предлог - буџетскиот календар за подготовка и донесување на буџетот на општина Струмица за 2018 година, предлог - одлуката за утврдување на зоните и движење на пазарната вредност на градежно и земјоделско земјиште на подрачјето на општина Струмица,

 
Костадинов оствари средба со претставниците на проектот „Сонуваме, остваруваме и љубов подаруваме“ PDF Печати

Срдечна средба и дружење за паметење се случи денеска во кабинетот на вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов со претставниците кои учествуваат во реализацијата на проектот „Сонуваме, остваруваме и љубов подаруваме“. Тој својата искрена љубов кон дечињата вклучени во проектот ја потврди со срдечниот пречек кој што им го приреди уште пред тие да влезат во неговиот кабинет.

 
Одбележан патрониот празник на СОУ „Никола Карев“ PDF Печати

Средното општинско училиште „Никола Карев“ денеска го одбележа патрониот празник. Пред спомен бистата во училишниот двор се одржа пригодна свеченост на која покрај домаќините присуствуваа поголем број почитувачи и пријатели на училиштето. Во името на општина Струмица пред спомен бистата на Карев свежо цвеќе положи вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.

 
Промовиран Граѓанскиот буџет на општина Струмица за 2017 година PDF Печати

Центарот на заедницата во соработка со општина Струмица, денеска, во салата на Советот во домот на АРМ, го промовираа Граѓанскиот буџет на општина Струмица за 2017 година. Целта на овој граѓански буџет е транспарентно презентирање на информациите поврзани со буџетот и информирање на граѓаните на прилагоден, едноставен и достапен начин, со што буџетот на Општината ќе се приближи до граѓаните, чии пари влегуваат во истиот.

 
Од втори мај ќе започне запишувањето на ученици во прво одделение PDF Печати

Одделението за образование при општина Струмица, согласно Законот за основно образование и Законот за просветна инспекција, ги известува  родителите дека во месец мај ќе се врши упис на ученици во прво одделение за учебната 2017/18 година во сите општински основни училишта.Запишувањето  во прво одделение е задолжително за сите деца  кои   ќе наполнат 6 години до крајот на календарската 2017 година.

 
Костадинов:Општина Струмица има професионален однос кон искористувањето на средствата од ЕУ фондовите PDF Печати

Во рамките на реализацијата на проектот „Бизнис Мрежа С-К-К“, финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007-2013, денеска, во хотелот „Сириус“ започна четиридневна обука на тема „Косме и Хоризонт 2020”. Учесниците на обуката ги поздрави вршителот на должноста градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.

 
Костадинов и општинската администрација им ја дадоа својата поддршка на лицата со посебни потреби PDF Печати

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов и денеска ја потврди својата поддршка на лицата со посебни потреби. Тој се потпиша и ја поддржа граѓанската иницијатива за законски измени со кои треба да им се подобрат условите за живот на лицата со посебни потреби на пунктот кој е поставен пред библиотеката „Благој Јанков Мучето“ во Струмица. Освен Костадинов, за иницијативата се потпишаа и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и членови на истиот, директори на општински јавни претпријатија и општинската администрација. Пунктот за собирање потписи пред библиотеката ќе биде отворен до 17 часот.

 
Од 25 до 28 април ќе се одржи последната обука на проектот „Бизнис мрежа С-К-К“ PDF Печати

Во рамките на реализацијата на проектот „Бизнис Мрежа С-К-К“, финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007-2013, во периодот од 25 до 28 април во хотелот „Сириус“ во Струмица ќе се одржи четиридневна обука на тема „Косме и Хоризонт 2020”. Свое обраќање на почетокот на обуката ќе има и вршителот на должноста градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.

 
«ПочетокПред12345СледноКрај»

Страница 1 од 5