Публикации
Водич низ услугите и постапките на Општина Струмица PDF Print


Центарот на заедницата на општина Струмица заврши со изработката на Водич низ услугите и постапките на Општина Струмица кој беше изработен со цел полесно снаоѓање низ администрацијата на Општина Струмица и разбирање на општинските услуги, како и намалување на бирократските процеси. Овој Водич се реализираше како последна активност на Центарот на заедницата на општина Струмица за 2016 г.

Водичот е направен на начин да обезбеди доволно информации за граѓаните за полесно и поефикасно аплицирање и добивање на услуги коишто ги обезбедува локалната самоуправа. Воедно, за изработката на Водичот беше консултирана законската регулатива, прирачници, водичи и други материјали во Република Македонија, како и стручни мислења на експерти во области. Исто така, во изработката на Водичот беа вклучени сите сектори и одделенија од Општина Струмица и нивните раководни лица и вработени, јавните приватни претпријатија, општинските институции и служби, преку бројни состаноци и консултативни средби, со цел изработка на поквалитетен информативен материјал достапен до граѓаните на општина Струмица.

Водичот ги опфаќа следниве содржини: општ дел за општина Струмица, опис на позицијата градоначалник, совет на општина Струмица и нејзините комисии, општинска администрација и нејзината организација, општински услуги за граѓаните на општина Струмица низ сектори и одделенија, јавни претпријатија и сл. Истиот се работеше во текот на цела 2016 г. и е подготвен од страна на координаторите на Центарот на заедницата на општина Струмица, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија, како дел  од концептот „Општина по мерка на граѓаните“, кој се реализираше од страна на ФООМ и Општина Струмица.

Оваа активност е во контекст со Стратегијата за соработка со граѓанскиот-сектор: ЗГ1: Вклучување на младите едуцирани кадри во ГС, мерка: 2.1 Промоција на можностите за преземање на дел од надлежностите од страна на ГС и ОУ2: Обезбедување на локална платформа за граѓанските организации од „јавен интерес“, мерка 2.4. Делегирање на услуги од надлежност на Општината.

Сите заинтересирани граѓани можат да подигнат примерок од Водичот во канцеларијата на Центарот на заедницата на општина Струмица, Дом на АРМ, ул. „Благој Мучето“ бр. 37, Струмица или електронски на следниов линк: VODIC_Opstina Strumica_WEB.pdf

 
Брошура за грантирани проекти од Општина Струмица за 2015 г. PDF Print


Центарот на заедницата на општина Струмица, како дел од годишниот план за 2016 г. имаше предвидено изработка на двојазична брошура (македонски и англиски јазик) за активностите на граѓанскиот сектор во периодот јуни-декември 2015 година, а се однесува на проектите и активностите финансирани од Општина Струмица, како дел од годишниот јавен повик за финансирање на проектни идеи од областите ЛЕР и социјална заштита за 2015 година. Изработката на брошурата е поврзана и со стратешките документи на Општина Струмица, и тоа со Стратегија за соработка со граѓанскиот сектор 2015-2020 г., а е изработена со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Документот може да го преземете овде: broshura-za-grantirani-proekti-od-opshtina-strumitsa-za-2015-g

 
Стратегија за сoцијална заштита на своите граѓани 2015-2020 PDF Print


На овој линк може да ја прочитате Стратегијата за социјална заштита на своите граѓани 2015-2020 Strategija Socijala Strumica

 
Стратегија за развој на образованието 2015-2020 PDF Print


На овој линк може да ја прочитате Стратегијата за развој на образованието 2015-2020 Strategija obrazovanie Strumica

 
Стратегија за соработка со граѓанскиот сектор 2015-2020 PDF Print


На овој линк може да ја прочитате Стратегијата за соработка со граѓанскиот сектор 2015-2020 Strategija NVO Strumica

 
Стратегија за млади на општина Струмица 2015-2020 г. PDF Print


На овој линк може лик може да ја прочитате Стратегијата за млади на општина Струмица Strategija Mladi Strumica