Општински органи
Сектор за урбанизам и комунални работи PDF Печати

Секторот за урбанизам и комунални работи, ги врши следните работи:
- урбанистичко планирање, издавање на одобренија за  градење на објекти од локално значење утврдени со Закон, уредување на просторот и уредувањето на градежното земјиште;

  1. комуналните дејности;
  2. други работи кои ќе бидат доверени од Советот и Градоначалникот

Раководител на сектор: Стојан Динев  Тел. 034/323-477

Одделението за урбанизам ги врши следните работи: урбанистичко (урбано и рурално) планирање; учествува во постапката за изработка, донесување, изменување и дополнување на Генерален урбанистички план, детален урбанистички план, урбанистичка документација на населено место, општ акт за условите за градба на објекти во населено место, урбанистички проекти и друга урбанистичка документација; покренува иницијатива за изработка, дополнување и изменување на урбанистичките планови; ја следи реализацијата на урбанистичките планови; изготвува програми за урбанистичко планирање и уредувањето на градежното земјиште; издава одобренија за градење на објекти од локално значење утврдени со закон; се грижи за уредувањето  на просторот и уредувањето на градежното земјиште; врши и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот. 
Раководител: Mери Андреева Тел. 034/321-534

Одделението за комунални работи ги врши работите што се однесуваат на: снабдување со вода за пиење; испорака на технолошка вода; одведување и прочистување на отпадните води; јавното осветлување; одведување и третман на атмосферските води; одржување на јавната чистота; уредување и организирање на јавниот локален превоз; снабдување со природен гас и топлинска енергија; одржување на гробиштата; изградба, одржување, реконструкција и заштита на локалните патишта и улици и други инфраструктурни објекти; регулирање на режимот на сообраќај; изградба и одржување на уличната сообраќајна сигнализација; изградба и одржување на јавниот простор за паркирање; отстранување на хаварисани возила од јавните површини; изградба и одржување на пазарите; чистење на оџаците; одржување и користење на зеленилото; регулација, одржување и користење на речните корита во урбаните делови; определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти; врши и  други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.
Раководител: Тодор Граматиков Тел. 034/321-534

 
Сектор за правни, административни и општи работи PDF Печати

Секторот за правни, административни, општи работи и јавни дејности ги врши следните работи:

• подготвува акти за Советот и Градоначалникот;
• ги подготвува седниците на Советот и седниците на неговите работни тела;
• врши стручни работи за Советот и Градоначалникот
• ракува со документите на општината и ги чува се до нивното  уништување, односно предавање на Државниот архив на РМ;
• ја следи состојбата во јавните дејности;
• соработува со невладините органи-зации;
• организира непосредно контактирање и информирање на граѓаните;
• работи  на управување со човечки ресурси;
• врши информатичко-технички работи; и
• врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот на општината.

Одделението за правни и општи работи, ги врши работите што се однесуваат на: изготвување на одлуки и други општи и поединечни акти од надлежност на Советот и Градоначалникот,  дава мислења на актите  од аспект на нивната законитост, ги следи прописите и нивните измени и дополнувања, врши стручни и организациони работи за Советот и градоначалникот, ракува со документите на  општината, врши одржување и унапредување на информатичко- комуникациските системи на општината, работи на унапредувањето на прашањата  поврзани со човечки ресурси, го изготвува службеното гласило на општината, работи и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и градоначалникот.
Раководител: Јорданка Заева, Тел. 034/348-030

Одделението за административна поддршка на Градоначалникот ги следи Законите и другите прописи од надлежност на општината, а посебно од надлежност на Градоначалникот, го планира и организира работниот протокол на Градоначалникот и се грижи за негово извршување, изготвува известувања за јавноста за работи од надлежност на Градоначалникот, врши и други работи доверени од Градоначалникот.
Раководител: Никола Годев, Тел. 034/348-030

Одделението за услуги на граѓаните и месна самоуправа, ги врши следните работи: обезбедува контакт со граѓаните и облиците на месната самоуправа; ги информира граѓаните за остварување на нивните права; ги прибира барањата и ги доставува до надлежните служби и повторно им ги враќа на граѓаните, дава општи информации на граѓаните од областа на добивањето на одредени услуги во надлежност на општината: како и информации за надлежностите на општинските органи и јавните претпријатија; контакт со претставниците на облиците на месна самоуправа како и следење на работата на органот на обликот на месна самоуправа, врши администртативно-технички работи за органот на обликот на месна самоуправа и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

Раководител: Борис Димитријев, Тел. 034/348-030

Одделението за јавни дејности ги следи, проучува и применува законите, прописите и општите акти кои се однесуваат на образованието, здравствената и социјалната заштита, културата, спортот, цивилната и противпожарната заштита и врши работи од овие области, за кои со закон е надлежна општината.
Тел.034/348-030

 
Внатрешен ревизор PDF Печати

Внатрешниот ревизор воспоставува систем  на интерни контроли кои  подразбираат политики, постапки и активности за правилно и законито финансиско работење.

Внатрешен ревизор : Марија Гарванлиева

Тел. 034/348-030

 
Секретар на општина Струмица PDF Печати

КИРИЛ ПАРТАЛОВ
телефон: 034 / 348 - 030

 
Организациона структура на општина Струмица PDF Печати

Општинската администрација на Општина Струмица се организира во следниве сектори, одделенија и територијална противпожарна единица:

organizaciona_struktura.pdf
[превземи]

 
Деловник на советот на општина Струмица PDF Печати

Врз основа на член 36 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл. весник на РМ” број 5/02) и член 21 став 1 точка 2 од Статутот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” број 4/03), Советот на општина Струмица на седницата одржана на 16.03.2006 година, донесе
Д Е Л О В Н И К
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА СТРУМИЦА

 
«ПочетокПред123СледноКрај»

Страница 2 од 3