Општински органи
Месни заедници PDF Печати

Месна заедница - Баница
Претседател: Васе Ангелов

Месна заедница - Банско
Претседател:Дончо Андонов

Месна заедница - Вељуса
Претседател: Бранко Мавров

Месна заедница - Водоча
Претседател: Ристо Иљов

Месна заедница - Г. Балдовци
Претседател:

Месна заедница - Габрово
Претседател: Андон Велев

Месна заедница - Дабиле
Претседател: Ване Иванов

Месна заедница - Добрејци
Претседател: Атанас Манолев

Месна заедница - Костурино
Претседател: Ѓуро Циев

Месна заедница - Куклиш
Претседател: Ване Крстев

Месна заедница - Муртино
Претседател: Лазо Гошев

Месна заедница - Попчево
Претседател: Панде Танчев

Месна заедница - Просениково
Претседател: Никола Николов

Месна заедница - Раборци
Претседател: Тони Ристов

Месна заедница - Рич
Претседател: Митруш Јанчев

Месна заедница - Сачево
Претседател: Васил Стојков

Месна заедница - Свидовица
Претседател:

 
Урбани заедници PDF Печати

Прва урбана заедница "Партизан "
Претседател: Ристаке Горгиев

Втора урбана заедница "Благој Мучето", ул.Младинска 78
Претседател:Мира Митева

Трета урбана заедница "Боро Поцков", ул.Кирил и Методиј бб
Претседател:Панде Стојанов

Четврта урбана заедница "Чифлик ", ул.22-ри Декември бб
Претседател:Душко Стоилов

Петта урбана заедница "Карпош ", ул.Моша Пијаде 41
Претседател: Милчо Анастасов

Шеста урбана заедница "Гоце Делчев" ул.Братство Единство 36/2
Претседател:Ѓорги Младенов

Седма урбана заедница "Центар " ул.Димитар Влахов бб
Претседател:Петар Василев

Осма урбана заедница "Димитар Влахов" ул.Крушевска Република бб
Претседател:Томислав Варгалаков

 
Здруженија PDF Печати

Општина Струмица е член на Заедницата на локална самоуправа на Р.М. - ЗЕЛС преку кој се координираат активностите за подобрување на работењето на единиците на локална самоуправа, со цел што поуспешна реализација на стремежите и заложбите за подигнување на квалитетот на демократското остварување на процесите од локален карактер . Градоначалникот на Општина Струмица - Зоран Заев е член на Управниот Одбор на ЗЕЛС. Подетално за ЗЕЛС на www.zels.org.mk

 
Меѓународна соработка PDF Печати

Профил на Еврорегионот Беласица

Еврорегионот Беласица е основан на 24ти февруари 2003 во Кукуш,со припојување на три непрофитни трансгранчни организации, кои во факт се мрежа на локалната власт, бизнисмени и социјални партнери на државните граници помеѓу Р.Македонија, Грција и Бугарија. Еден од многу малкуте (можеби единствениот активен) еврорегион на Балканската област и еден од многу малкуте еврорегиони составен од Европски - членки и земји не-членки.

ЧЛЕНОВИ

ГРЦИЈА
: Невладина Организација за регионална и интернационална соработка Аристотелис-

• Општина Кукуш
• Општини во регионот од Оштина Солун: Општина Аксиос, Општини од Халастра, Општина Калитеа, Општина Неаполис, Општина Михона.
• Општина Галикос
• Општина Херсо
• Општина Моуриес
• Коморите на Килкис
• Федерација на индустријата на Килкис
• Општинската компанија за Вода и дренажа на Килкис
• Општинската компанија за туризам и културен развој на Килкис
• Работа и партнерство - Развивање советници

МАКЕДОНИЈА Еврорегион- Струма

• Општина Струмица
• Општина Ново Село
• Општина Босилово
• Општина Муртино
• Општина Василево
• Општина Радовиш
• Општина Валандово
• Општина Гевгелија
• Општина Куклиш
• Општина Делчево
• Општина Конопиште
• Регионална стопанска комора на Струмица
• Фондација за пазвој на мали и средни претпријатија- регионален центар- Струмица
• Здружение на граѓани- Д Е Н И Ц А

БУГАРИЈА- Регионална Асоцијација Струма (РАС)

• Општина Петрич
• Општина Сандански
• Општина Благоевград
• Општина Струмјани
• Општина Кресна

ЦЕЛИ

Размислувањата за важноста на трансграничната соработка на сите нивоа и целите на Еврорегионот Беласица се назначени во установувањето на мирот и стабилноста на регионално и еврпско ниво, до слободно движење на стоката , инвестициите , технологијата и луѓето, до достигнувањето на продолжување на развитокот и социјалната споеност во регионот моментално потврдувајки ги историските, културните и етничките карактеристики на секоја земја.

Потврдувањето на потенцијалот на соработка помеѓу трите организации за совладување на законодавните разлики, за олеснување на администрацијата и организирани оневозможувања и совладување на историското и етничкото влијание, континуирано во претходните периоди, Еврорегионот Беласица ќе развива партнерство и заеднички проекти за развивање регионална инфраструктура, развивање на руалните гранични области, индустриско развивање, културна размена, заштита на околината , компетентност на Европско, национално и локално ниво, подобра координација со ЕУ политика, кохезија, еквивалентни животни услови како и кординација помеѓу ЕУ програмите за развој.

ЗАЕДНИЧКИ АКТИВНОСТИ

Шеснаесетте полиња на активности што почнаа да се развиваат во Еврорегионот се:

1. Регионален развој
2. Економски развој
3. Туризам поврзување
4. Култура и општество
5. Трансфер на технологија и иновација
6. Енергија
7. Транспорт и инфраструктура
8. Екологија и животна средина
9. Менаџмент на отпадни продукти
10. Земјоделство
11. Социјална соработка
12. Здравствени услуги
13. Комуникација
14. Заштита против елементарни непогоди и штети
15. Едукација
16. Социјална безбедност

ОРГАНИЗАЦИЈА

Транс-граничниот Еврорегион Беласица има свој менаџмент и оперативни тела.Основниот организационен дијаграм на Беласица е преставен подолу:

Еврорегион Беласица

заедничко управително тело
( 3 заседавачи )

заеднички технички секретаријат
( преставници од сите три земји )

заеднички експертни групи
( 9 заеднички експертни групи за различни тематски области )

Канцелариите на сите три партнери функционираат како седишта на Еврорегионот за комуникација и координација на активности од национално ниво, додека канцелариите на Аристотелис"- Општина Кукуш во Грција се центар за надворешна комуникација со Европските и интернационални организации. Транс-граничната соработка помеѓу Грчкиот партнер, легално преставен од градоначалникот на Кукуш г-дин Димитрос Терзидис и Македонскиот партнер, легално претставен од г-ѓа Снежана Јанева беше многу силен од почетокот на еврорегонското уредување. Моментално двата водечки партнери снабдуваат техничка помош на Бугарскиот партнер во редослед да биде во можност да учествува во работењето на сите планирани активности и имплементацијата на заедничките проекти.

РАЗВОЈ НА АКТИВНОСТИ

Еврорегионот Беласица е официјален член на Асоцијацијата на Европските Гранични Региони ( АЕРБР ), со Пактот за Стабилност на Европа, Европската Комисија, Европска канцеларија за Помош како и други Европски и Интернационални организации активни во полето на ТГС во Југо Источна Европа.

Преставници на Еврорегионот имаат земено учество во важни настани што се однесуваат на Транс-гранична соработка и Југоисточна Европа воопшто, како и конференции одржани од Пактот за Стабилност и Грчкото преседателство од ЕУ и има силно поткрепена мрежа на активности со истражувачки институти, Невладини организации и други организации што се занимаваат со развојот на Југо- Источна Европа.

РАЗВОЈ НА КОНКРЕТНИ ПРОЕКТИ

После идентификацијата на општи проблеми, интересирањата, потенцијалот на пограничнот регион во рамките на граница од Грција, Македонија и Бугарија од преставници на локалната власт, Бизнис и Социјални партнери кои партиципираат во Еврорегионот, заеднички групи работат интензивно на развојот на заеднички проекти од различни области и активности. Заедничките проекти развиени од заеднички работни групи се подлежни согласно на нивниот приоритет за еврорегионот, и според Европските, националните или приватните фондови.

Во моментот, еврорегионот има развиено повеке заеднички проекти:

РЕГИОНАЛНА РАЗВОЈНА СТРАТЕГИЈА НА ПОШИРОКАТА ЕВРОРЕГИОНСКА ОБЛАСТ

Кратка содржина

Проектот на регионалната развојна стратегија е иницијатива од партнерите на Еврорегионот Беласица составен од локалните власти и колективните тела на бизнисмени од Грција, Македонија и Бугарија во општите (јавни) гранични региони. Проектите се насочени на развој на бизнисот и економска кохезија во регионот. Планираните активности се организирани во следните делови: развој на соработка, мрежа, студии и истражубања, трансвер на знаење, технологија, искуство и најдобри практики, извори на странски и домашни финансии за развој на МСП, промотивни активности, зголемување на извозното својсто во регионот, на продукти, услуги и ресорси, промоција на економската и социјалната кохезија. Партнерството ќе биде зголемено со партиципација на друга земја Европска членка ( централна или западна Европа ) за трансвер на знаење и мрежни активности.

Потекло на проектот

Проектот потекнува од индентификацијата на општите интереси и потенцијал на економски и социјален развој и кохезија од трите партнери за Еврорегионот Беласица за време на организираните состаноци. Еврорегионот Беласица е легална структура активна кон подобра интеграција на регионот додавајки вредност на националните иницијативи и зема предност од бенифициите на спогодбената соработка на специјалниот развој.

Кореспонденција со потребите, моќта, слабоста и ограничувањата на проектски насочените групи и насочениот регион. Насочените групи на проектот се поранешни и перспективни бизнисмени на регионот (постоечката сила на суштинскиот бизнис во регионот е оценет согласно официјалните податоци на 30.000 МСП од вториот и третиот продуктивен сектор, додека првиот сектор преставува популација од околу 100.000 произведувачи ), како и граѓани од Општините на поширокиот регион. Официјалната популација на општините учесници во партнерството ( преку трите претставени организации ) е 800.000 луѓе со перспектива да се зголеми ( географски со учество на соседни области ) до 1.500.000 луѓе.

Трите области вклучени во Еврорегионот се во ниска развојна мерка и консеквентно ниско животен стандард. Областа има поголема потреба отколку другите региони во Европа бидејќи во минатото беше ударна зона помеѓу исток и запад и страдаше многу години од историски и етнижки разлики. Потребите вклучуваат, интеграција, ресорен менаџмент, стратегија и средства за економски развој, како и пристап до пазарите, информација и технологија. Регионот има важни ресорси и високо развиен потенцијал со поврзување на бизнис заедниците и општествата, кои до сега оперираат посебно. Различни правни регулативи од националната влада, јазичните бариери, бизнис практиката и немањето комуникативна функција како бариери за интеграцијата на проектот ќе донесата конкретни и меродавни резултати, кореспондирани до индентификуваните потреби на насочените групи и региони.

Локалната ситуација, информација на проект партнери

Граничната област е во развивање, со ниска извозна активност, висока невработеност, низок животен стандард. Бидејќи еден од парнеритње ( Грција ) е Европски член, Бугарија е асоцијативна земја и Македонија е во процес на стабилизација и асоцијација, имплементација на заедничката стратегија за економска и социјална кохезија, достигањето на бараните стандарди за двата партнери кои па се членови, ја убрзува процедурата на Европската интеграција. Имплементациониот период планира 36 месеци ( 01/09/2003-30/08/2004 ) и проектираниот буџет е 2,2 М евра.

Фондови информации

Проектот наскора ќе подложи на фондови под Интеррег 3 Б-Кадсес програмата ( мерило 1.1 Потикнувајќи заеднижки стратегии за развој и акција во имплементацијата ).

Бидејќи има јавен карактер и сите вклучени партнери се не профитабилни организации се овластува на 100% финансирање од Грчкиот придонес ( 75% ЕРДФ, 25% национални фондови ).

Бугарско- Македонските придонеси ке бидат покриени во вид од сопствено потекло. Двата партнери кои не се членки се со право да аплицираат за фондови од нивна контрибуција во проектот од ФАРЕ, Кардс, Еар или други Европски - национални извори.

КУЛТУРЕН ЕВРОРЕГИОН БЕЛАСИЦА

Кратка содржина

Проектот ја вклучува имплементацијата на интегралниот развоен план за општ културен регион од граничната област помеѓу Кукуш и Струмица како средство за туризам и економски развој и подобрување на квалитетот на животот на двете гранични општества ( во Грција и Македонија ).

Активностите вклучени во проектот се насочени на нреација на добро образуваната патна поврзаност во граничанта област на двете земји и ќе биде имплементирана преку:

• Поврзаност на основната културна активност на карневалот денеска организиран пооделно од пошироката Струмичка област ( 72 села ) и во Кукуш ( 23 села ) во текот на истиот месец од годината.

• Развој на интернационалниот Куклен- театар во Кукуш и префарлување во струмица.

• Развој на интернационалниот саем ( панагур ) за маски во Струмица и префрлување во Кукуш.

• Реновирање на стари згради ( од традиционален и историски карактер со истакнување на елементи од општа култура и архитекторски карактеристики ) како културни центри.

• Организација на паралелни активности за развој и промоција на општо културни ресорси и поврзаност со туризамот и службениот сектор.

Проектот потекнува од индентификацијата на опшите културни, традиционални и природни ресорси во регионот, кои постојат со векови како етнички или историски разлики помеѓу две земји, како и перспектива, која се наголемува од вкрстената гранична соработка за нивни понатамошен развој.

Насочените групи на проектот се граѓани од регионот ( Официјалната популација на општините вклучени во партнерството ( преку две репрезентативни организации ) е 300.000 луѓе со перспектива на зголемување ( географски со учество на соседните области ) до 500.000 луѓе.

Планираниот период на имплементација е 24 месеци ( 1/9/2003 - 30/8/2005 ) и оценувачкиот буџет е 2 М евра.

Информации од Фондот

Проектот наскоро ќе подложи на фондови под Интеррег 3 А ( Грција -Македонија ) програмата ( мерило 2.2.2 & 2.2.3 ).

Бидејки има јавен карактер и сите вклучени партнери се непрофитебилни организации се овластува на 100% финансирање од Грчкиот прдонес ( 75% ЕРДФ , 25% национални фондови ).

 
Јавни претпријатија PDF Печати

ЈПКД КОМУНАЛЕЦ - Струмица
ПОРАКА ОД МЕНАЏЕРОТ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

Реализацијата на многубројните проекти, решавањето на тековните проблеми, како и имплементацијата на МЕАП Програмата се дел од активностите на кои ставаме посебен аццент.
Нашата основна мисија е непрекинато снабдување на нашите корисници со вода за пиење, евакуација на атмосферски води од урбаните површини, отстранување и пречистување на отпадните води, одржување на градската инфраструктура, заштита и разубавување на животната средина.

Меѓутоа како резултат на имплементацијата на предвидените проекти за наредниот период, имаме зацртано да го подигнеме нивото на услугите спрема нашите корисници на едно повисоко ниво и тоа преку добивање на стабилна водоводна и канализациона инфраструктура и унапредување на животната средина преку запазување на сите меѓународни еколошки стандарди и прописи.Сето тоа треба да биде пропратено со финансиско и оперативно зајакнување на претпријатието, зашто само така можеме да ги реализираме поставените задачи и цели.

Директор:
Дпл.земj.инж. Зоран Горгиев

ПРЕЧЕСТИТЕЛНА СТАНИЦА (ИДЕН ПРОЕКТ)

Проект кој е планиран да се реализира преку МЕАП Програмата и истата е донација од Грчката Влада . (од  5.000.000 Евра)

Сировата вода се пречистува во постоечката Филтер станица со капацитет од 240 л/с.После прочистувањето, водата доаѓа до резервоар лоциран во составот на Филтер станицата со запремнина од 1250м3 и височина од 5,0м. Максималната кота на водата во резервоарот е 285 мнв, а дното на резервоарот е на кота 280 мнв.

ПРОШИРУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА ДИСТРИБУТИВНА МРЕЖА

Со реализацијата на МЕАП Програмата односно активностите за проширување на водоводната дистрибутивна мрежа се планира вклучување на 4 населени места Добрејци, Дабиле, Градско Балдовци и Просениково во главната водоводна мрежа.На тој начин истите овие населен места ќе се поврзат со Урбаната средина односно градот.Покрај тоа ќе им се овозможи на истите да добијат квалитетна и здрава вода за пиење.
Почнувајки од 2004 г. преку МЕАП програмата реконструирани се одредени делници од градот и изведен е доводен цевковод до с.Добрејци.Исто така, во рамките на планот за проширување на високата зона изграден е резервоарот ,,Чамлк”, со зафатнина од 400м3. Средствата за овој објект се донација од Владата на Р.Македонија.

Проширување на водоводната дистрибутивна мрежа односно приклучување на населените места кон урбаната мрежа (Реализација преку МЕАП Програмата)

ЗЕЛЕНИЛО,ПАРКОВИ, ЈАВНО ГРАДСКО И ВОНГРАДСКО ЗЕЛЕНИЛО И РЕКРЕАТИВНИ ПОВРШИНИ
Во рамките на ЈПКД "Комуналец" делува Р.Е. Зеленило чија основна задача е одржување на јавното градско и вонградско зеленило.Дел од јавните површини се одржуваат интензивно и тука подлежат следните зелени површини:
Парковски зелени површини (Парк пред Собрание 3250 м2, Градски парк 1-22575 м2, Градски парк 2-11593 м2, Градски Парк 3- 50000 м2 и Бежански парк 860 м2)
Зелени површини на булеварот-3360 м2
Зелени површини по урбанистички план на градот-1280 м2
Дејноста одржување е потпомогната и со дејноста производство на цветен расаднички материјал.

ЧИСТОЌА, СОБИРАЊЕ, ТРАНСПОРТИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ НА ОТПАДОЦИ
Преку овој сектор целта е да се задоволат потребите на граѓаните и работните луѓе во поглед на комуналната хигиена.
Тука спаѓаат: собирање, транспортирање и депонирање на отпад од индивидуалните станбени површини, користените површини на правните лица, занаетчиските и трговските дуќани, негово изнесување и сместување во деонија како и чистење на јавните прометни површини (улици,плоштади и др.)
Физичкиот обем на услугите за оваа единица е дефиниран преку регистрираните индивидуални станбени објекти и занаетчиско-трговски дуќани како и преку регистрирани површини под покрив и дворни места на правните лица.
Моментално се врши депонирање на цврст отпад од  8 400 домаќинства, 810 занаетчиско-трговски дуќани од правните лица под кров 225 000 м2 и дворни места 190 000 м2.
Динамиката на собирање  едвапати неделно од индивидуалните корисници од периферните реони и шест пати од централното градско подрачје, каде што има поголем проток на луѓе и возила.

ИДНИ АКТИВНОСТИ:
Со средства добиени од донации планирано е да се вклучат и неколку населени места со цел да се заштити животната средина односно да се овозможи здрава и чиста околина.

Идејата за изведба на Пречистителната станица за отпадни води во Струмица има подолга историја. За таа цел во 1993 г. беше изготвен Главен Проект за Пречисителна Станица од страна на ,,Инжинеринг Оломоук” од Р.Полска.
Со физибилити студијата за МЕАП проектот од 2000г. предложен е подобрен проект, базиран на очекуваната ситуација во 2010 година, што се однесува на загадувачко оптоварување од 72.000 жители.
Двата проекти предложени со физибилити студијата се сметаат како најприфатливи. И во двата случаи отпадните води се прочистуваат со систем на ниско оптоварена активна мил(оксидационен канал) после пред-прочистувањето (филтрирање и отстранување на песок).Вишокот на милта се згуснува со гравитационен згуснувач и се суши на корита за сушење на милта.


CENOVNIK.PDF
[превземи]






За да можете да ги читате документите потребно е да имате инсталирано Adobe Acrobat Reader. Доколку немате инсталирано, истиот можете да го превземете од официјалната веб страна на Adobe.

 

 

 

 

 
Јавни установи PDF Печати

ЗДРАВСТВЕН ДОМ - СТРУМИЦА

ЈЗУ Здравствен дом Струмица е здравствена установа од примарна здравствена заштита во која се вработени 233 работника со следнава професионална структура:

Професионална структура

Број на вработени

Лекари специјалисти

15

Лекари општа пракса

29

Лекари на специјализација

4

Стоматолози специјалисти

10

Стоматолози

12

Стоматолози на специјализација

4

Средно медицински персонал

115

Останати

44

Вкупно:

233

Вработените се поделени во повеќе служби и тоа:

1

Општа болница со домашно лекување

2

Трудова медицина

3

Спортска медицина

4

Педијатрија

5

Гинекологија со породилно Ново Село

6

Школска медицина

7

Лабараториска дејност

8

Депо за лекови

9

Стоматологија

10

Административно-техничка служба

11

Центар за ментално здравје


ЈЗУ Здравствен дом – Струмица дава здравствени услуги на територија на општините: Струмица, Ново Село, Василево и Босилово.Службата за трудова медицина, Спортска медицина, Педијатрија и Школска медицина-специјалистички ординации се наоѓаат во кругот на т.н. Нова Болница на ул.„Младинска“ бб. Амбулантите по општа медицина се лоцирани во зградата на т.н.: Стара Болница на ул.„Димитар Влахов„ каде е сместена и Службата за итна медицинска помош со домашно лекување и Стоматолошката служба. Амбулантата по општа медицина има во 4 УЗ во Струмица, како и населените места Ново Село - општи амбулант и породилиште, како и во населените места Дражево, Сушица, Куклиш, Костурино, Попчево, Вељуса, Дабиље, Муртино, Моноспитово, Мокриево, Босилово, Турново, Василево, Иловица, Просениково, Пиперево.

ЈЗУ Здравен дом Струмица располага со 3 транспортни санитетски возила. ЈЗУ Здравен дом има свое Депо за лекови, во кое има вработено еден дипломиран фармацевт и еден фармацевтски техничар.

ДОМ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ „БЛАГОЈ МУЧЕТО“ - СТРУМИЦА
ул.Боро Џони бр.16, тел.034/325-052

Грижата за правилно културно воспитување на младата генерација е основната задача на целокупната општествена заедницаа посебно на работата на Домот за деца и млади “Благој Мучето”.
Во домот децата и младите се ангажираат во нивното слободно време на колективни општествени занимања, како и индивидуални активности за кои покажуваат интерес, како и грижа за докажување. Со разни форми на работа се овозможува средба на децата за забава, игра и слично при што се води грижа при концептирањето на содржината за работа, а се тргнува од идејните позиции на нашето општество потпирајки се на културно научна и хумана основа. Се настојува поврзување на децата и младите од сите училишта во општината, регионот како и од државата и надвор од неа. Соработува со сите организации и асоцијации што собираат деца и млади во своите редови како и со стопаски организации.   
Стекнатите знаења и умеења и творечките докажувања децата ги применуваат во практика преку разни форми на манифестации како: културно забавни програми, литературни читања, ликовни и литературни конкурси, квиз натпревари, изложби, драмски и куклени претстави, организирање на детски средби и гостувања, посета на културно историски знаменитости и слични манифестации.
Во домот децата членуваат во повеке клубови односно секции за кои покажуваат интерес како: рецитаторска, литературна, новинарска, драмска, пеачка, фолклорна, ликовна, музичка, модерен балет, млади археолози, и други активности за кои изразуваат желба.
Со организиран однос се придонесува за севкупен развој на детската личност, срекно детство и подготовка на децата за креативен живот и работна активност во иднина.

 
«ПочетокПред123СледноКрај»

Страница 3 од 3