Советот ја одржа 39-та седница

Советот ја одржа 39-та седница

Денеска се одржа 39-та седница на Советот на која што беше усвоена предлог-одлуката за измена и дополнување на  Буџетот на општина Струмица за  2020 година. На седницата беа усвоени и предлог-програмите за измени и дополнувања на Програмите во областа на локалниот економски развој  и туризмот,  за  уредување на градежното земјиште,  за изградба, реконструкција, одржување и заштита  на локалните патишта и...

Одлука за организирање на јавна анкета, јавна презентација, решение за комисија, соопштение

Одлука за организирање јавна анкета и јавна презентација на АУП за промена на граници помеѓу ГП3.3, ГП3.4 и ГП3.5, дел од УБ19 УЕ2 во Струмица, Општина Струмица – ЛИНК Решение за формирање на Комисија за спроведување на јавна анкета и јавна презентација на АУП за промена на граници помеѓу ГП3.3, ГП3.4 и ГП3.5, дел од УБ19 УЕ2 во Струмица, Општина...

Струмица ќе добие уметничка галерија

Струмица ќе добие уметничка галерија

Започна со реализација проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во уметничка галерија“. Пренамената се врши на просторот под градскиот плоштад, изграден како дел од градската скривница, кој порано се користеше за регистрација на бракови, а потоа имаше и други намени. Проектот се реализира со средства од општина Струмица и Министерството за култура. Вкупната корисна површина  на пренаменетиот простор изнесува...

Соопштение во врска со јавниот повик за распределба и доделување на општински простории

Во врска со јавниот повик за распределба и доделување на општински простории – времено користење во дел од општинска зграда/касарна Струмица, СУ+П+2 (приземје и спрат) на КП бр.7034/26, КО Струмица (Г.П 36-16-КО Струмица распоредени на: Приземје / Повеќенаменски социјален центар Први спрат / Нов НВО центар, од страна на граѓански организации (времени корисници) од општина Струмица, заради создавање на механизми...

Јавна Објава од страна на Комисија за спроведување на постапката и програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за авто – такси возач во МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ 2020 ГОДИНА

22.09.2020 година (вторник) во 16 : 30 часот во „Дом на АРМ“ – Струмица. 29.09.2020 година (вторник) во 16 : 30 часот во „Дом на АРМ“ – Струмица.   ОПШТИНА СТРУМИЦА Комисија за спроведување на постапка и програма за полагање на испитот за добивање на сертификат за авто – такси возач

Јавен повик – Презентација на нацрт извештај за стратегиска оцена на животна средина за проект за инфраструктура

Во организација на Јавното претпријатие за државни патишта на ден 25.09.2020 год. (петок) ќе се одржи презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за проект за инфраструктура за “Изградба на експресен пат Струмица – Валандово – спој со А1” во вкупна должина од 25 км.

Градоначалникот Јаневски ги промовираше активностите од проектот „Заштита на локалното население од општините Петрич и Струмица од природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот”

Градоначалникот Јаневски ги промовираше активностите од проектот „Заштита на локалното население од општините Петрич и Струмица од природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот”

Градоначалникот Коста Јаневски на денешната прес конференција информираше за проектните активности на проектот „Заштита на локалното население од општините Петрич и Струмица од природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот”, кој е финансиран од фондовите на Европската Унија преку ИНТЕРРЕГ – ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија. Во проектот предвидено е набавка на модуларен систем, односно, повеќенаменско возило...

Одлука за организирање на јавна анкета, јавна презентација, решение за комисија, соопштение

Одлука за организирање јавна анкета и јавна презентација на АУП за формирање градежна парцела, оформување на површини за градење на КП3581, КО Дабиља, согласно УПС за с.Дабиља, во Струмица – ЛИНК Решение за формирање на Комисија за спроведување на јавна анкета и јавна презентација на АУП за формирање градежна парцела, оформување на површини за градење на КП3581, КО Дабиља, согласно...

Се одржа координативен состанок за актуелната состојба со КОВИД-19 во Општината

Се одржа координативен состанок за актуелната состојба со КОВИД-19 во Општината

Актуелната состојба со КОВИД-19 во нашата општина, беше тема на денешниот координативен состанок којшто го иницираше градоначалникот Коста Јаневски, а на кој присуствуваа Петре Витанов директор на Центарот за јавно здравје, д-р Мери Николова Гичева – епидемиолог, Наќе Гогов директор на Општата болница, Жанко Зимбаков заменик началник на СВР Струмица, Милан Русев раководител на Центарот за управување со кризи, Марјан...

Одбележана 76-годишнината од ослободувањето на Струмица

Одбележана 76-годишнината од ослободувањето на Струмица

Општина Струмица, денеска, ја одбележа 76-годишнината од нејзиното ослободување. На свеченоста којашто по тој повод се одржа на Спомен костурницата, за значењето на празникот зборуваше градоначалникот, Коста Јаневски.Струмица и струмичани мора да ги повторуваат спомените од минатото кои не потсетуваат дека  слободата во која сите ние живееме, уживајќи ги нејзините благодети, е извојувана со непокор, верба, и пролеана крв. Таа...