Категорија: Вести

Home / Вести
Напис

Отворен вториот меѓународен саем Струмица Експо

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев го отвори вториот меѓународен саем за производство, трговија и услуги Струмица Експо. На саемот учествуваат околу 40 изложувачи од Македонија, Бугарија, Грција и Полска. Струмица Експо ќе биде отворен до 04.11.2006 година (сабота) до 19 часот

Напис

Општина Струмица меѓу трите најуспешни општини на конкурсот на Светска банка

Светска банка во соработка со консултантската куќа БАСМЕ КТ доо Скопје ги објави резултатите од конкурсот за проекти за развој на општините. Во конкуренција од над 40 аплицирани микропроекти до Светска Банка, Општина Струмица со својот Микро проект: Дневен центар и клуб за стари лица со мобилна екипа за делување во домашни услови, е селектирана...

Напис

Донесена одлука за формирање ЛЕР ИТ фондација

Советот на Општина Струмица, на својата 31 седница, донесе одлука за формирање Фондација за локален економски развој и информатичката технологија – ЛЕР ИТ – на струмичкиот микро регион. ЛЕР ИТ фондација ќе биде менаџер на имплементација на стратегиите и плановите за развој на општините од струмичкиот микрорегион, ќе ја промовира стратегијата за ЛЕР, ќе ги...

Напис

Усвоен Стратегискиот план за економски развој на струмичкиот микро-регион

На 30 седница на Советот на општина Струмица е усвоен Стратегиски план за економски развој на струмичкиот микро-регион. Стратегискиот план го насочува економскиот развој на Струмичкиот микро-регион и претставува план за градење на економскиот капацитет на микро-регионот за подобрување на економската иднина и квалитетот на животот на граѓаните од општините Струмица, Ново Село, Василево и...

Напис

Одржана конференција на ЗЕЛС во Охрид

Во организација на ЗЕЛС, во Охрид, се одржа конференција “Една година процес на децентрализација во Р. Македонија”. На конференцијата се анализираше едногодишната имплементација на процесот на децентрализација на власта. На истата присуствуваа Градоначалнникот на општина Струмица, Зоран Заев, градочалници на други општини, претставници на меѓународни организации, Министерот за локална самоуправа и амбасадорите на ЕУ, САД,...

Напис

Одржан состанок со Норимаса Шишомура

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, оствари состанок со Заменик Постојаниот Претставник на UNDP г-дин Норимаса Шимомура, и високи претставници од UNDP. На состанокот се разговараше за реализацијата на тековните проeкти и можностите за понатамошна соработка.

Напис

Доделена високата награда на ФКТ „Ристо Шишков“

Синоќа во просториите на Центарот за култура Антон Панов, Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, му ја додели наградата за високо актерско достигнување, Ристо Шишков, на овогодинешниот добитник Дејан Лилиќ. Со ова и официјално се симна завесата на 14 меѓународен фестивал на камерен театар.

Напис

Пуштена во употреба реконструираната Општинска библиотека

Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев и Заменик Постојаниот Претставник на UNDP во Р. Македонија, Норимаса Шимомура ја пуштија во употреба реконструираната Општинска библиотека “Благој Јанков Мучето”. Со реализацијата на проектот “Пријателски библиотеки за сите граѓани” граѓаните на Општина Струмица добија реконструирана и најсовремено опремена библиотека.

Напис

Одбележан Денот на ослободувањето на Струмица

По повод 11 Септември, денот на ослободувањето на Струмица, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев положи свежо цвеќе на Споменикот на Револуцијата во Градскиот парк. Манифестациите по повод 11 Септември продолжија со Планинарски марш по врвиците на Струмичкиот партизански одред и турнири во мал фудбал за учениците од основните и средните училишта.

Напис

Свечено отворен 14-тиот ФКТ „Ристо Шишков“

Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, свечено го отвори 14 фестивал на камерен театар Ристо Шишков. На овогодинешното издание на реномираниот меѓународен фестивал на камерен театар ќе бидат изведени 1 3 претстави.