Ќе се донираат хуманитарни пакети од семејството Заеви на социјално загрозените семејства

Ќе се донираат хуманитарни пакети од семејството Заеви на социјално загрозените семејства

Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Струмица постојано ја следи актуелната состојба и презема мерки за заштита на граѓаните од ширењето на корона вирусот, рече на денешната прес конференција началникот на Општинскиот штаб за заштита и спасување, Александар Оџаков.

http://<iframe width=”560″ height=”315″ src=”https://www.youtube.com/embed/eAItyVfkBqE” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>

На новинарско прашање кој ги донираше хуманитарните пакети, Оџаков одговори:
-Донацијата на хуманитарните пакети е од семејството Заеви, кое освен во општина Струмица вакви пакети донираше и во другите општини во државата, а кои деновиве преку волонтерите ќе стигнат до домовите на социјално загрозените семејства. Од името на Општината сакам јавно да му се заблагодарам на семејството Заеви кое многу пати досега ја потврдило својата хуманост и солидарност и секогаш помагале таму каде што имало потреба од било каква помош.
Истовремено, ги повикувам сите компании и граѓани во ова исклучително тешко време за сите нас, во рамките на нашите можности да им помогнеме на семејствата кои имаат потреба од прехранбени и производи за лична хигиена. Многу е важно во овие вонредни околности да ја покажеме нашата хуманост и солидарност и сите заедно да се справиме со овој голем предизвик пред нас.
Упатувам и апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките и препораките на Владата, Министерството за здравство и на Општинскиот штаб за заштита и спасување, затоа што само така ќе можеме да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски, рече Оџаков.