Со поставувањето на часовниците на саат кулата се комплетира изгледот на Струмичкиот плоштад. Саат кулата има форма на рамностран триаголник, и е висока околу 18 метри. Трите часовници со димензии од два метри, кои беа поставени, се со ГПС навигација што е гаранција дека секогаш ќе покажуваат точно време.

Станува збор за проверена, најнова и најсовремена технологија.Останува уште да се пушти во употреба малиот водопад, кој е составен дел од Саат кулата.Тоа ќе се случи со завршувањето и пуштањето на големиот водопад со мозаик на картата на светот, сместен во горниот дел од новиот плоштад.

 


 

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544