Јавен повик За користење на заштитен Географски назив и Сертификатна марка

Општина Струмица ги повикува сите заинтересирани здруженија на граѓани и правни лица да поднесат Барање за признавање на правото на користење на брендирани производи од други шумски производи со потекло од Беласица.   Како носител на правото на заштита на производи означени со географски назив и географска ознака (Беласички костен, Беласички вргањ и Беласичка боровинка) и производи означени со сертификатна марка Беласица планински производ“ (15 вида други шумски производи и нивни преработки),

Општина Струмица спроведува постапка за регистрирање на субјектите за стекнување на правото за користење на заштитените ознаки на крајни производи од други шумски производи. Како подносител на правото на користење на производи означени со географски назив и сертификатна марка  „Беласица планински производ“  може да биде секое здружение на граѓани   и секое правно  лице, регистрирани  за собирање, откуп на други шумски производи, и/или преработка на храна од струмичкиот регион, со седиште и производни капацитети на територија на Општините Струмица, Босилово, Василево  и Ново Село. Рок на доставување на барањата е 7 дена од денот на објавување преку јавни гласила во регионот на Општина Струмица. Детални информации за повикот и постапките за поднесување на барањата, може да добиете во Општина Струмица,Лице за контакт Томислав Андреев Одделение за заштита на животната средина, телефон 075/395-914 , mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Целиот јавен повик може да го видите на следниот линк.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544