Огласна табла

Комисија за спроведување на постапката и програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за авто – такси возач

МЕСЕЦ ЈАНУАРИ 2019 ГОДИНА

29.01.2019 година (вторник) во 16 : 30 часот во „Дом на АРМ“ - Струмица.

 

ОПШТИНА СТРУМИЦА

Комисија за спроведување на постапка и програма за полагање на испитот за добивање на сертификат за авто - такси возач

 

Достава на писмен извештај за праг за алармирање на граѓаните на Општина Струмица за наредните денови

Во врска со настанатата состојба со загадувањето на воздухот во  агломерација на град Струмица, надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (надминување на вредноста од 188 µg/m3 ,  2 и повеќе последователни дена на 17.01.2019  , 18.01.2019 , 19.01.2019 и 20.01.2019 ) Ве известуваме дека е потребно информирање на граѓаните  согласно Акциониот план за подобрување на воздухот со  објавање на текстот на овој допис  на Web страната на општина Струмица и поставување на постојан линк со Мерната станица во Струмица на    http://air.moepp.gov.mk/ 

Јавен повик за набавка за Проектот: „Заштита на биодиверзитетот и економски развој во регионот на планина Беласица преку брендирани други шумски производи“

 

 

 

„Натура Нова“ од Струмица објавува Јавен повик за набавка на услугиОрганизација на преработка, пакување и означување на 3 вида други шумски производи од планината Беласица за потребите на проектот, согласно активност А2.5.

Основната цел на Проектот е воведување систем на заштита и одржливо користење на природните ресурси преку брендирање на крајни производи од други шумски производи (самоникнати, недрвни, шумски, диворастечки, некултивирани) преку постапка за заштита на географски назив со ознака на потекло на производот согласно законските прописи.  ...Повеќе

Јавен повик

До сите доверители на општина Струмица и единките корисници на општина Струмица за доспеани а ненаплатени обврски заклучно со 30.09.2018 година со цел спогодбено утврдување на износот на обврските.
Сите доверители информации за доспеаните а ненаплатени обврски заклучно со 30.09.2018 година може да добијат во одделението за сметководство и плаќање на општина Струмица како и во сметководствата на единките корисници. Целосната содржина на јавниот повик превземете ја од следниов линк.

ЈАВЕН ПОВИК

Јавен повик за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проекти во рамките на ReLOaD проектот во општина Струмица. ЛИНК

Термини за полагање на испитот за добивање на сертификат за авто – такси возач

МЕСЕЦ НОЕМВРИ 2018 ГОДИНА
20.11.2018 година (вторник) во 16 : 30 часот во „Дом на АРМ“ - Струмица.
27.11.2018 година (вторник) во 16 : 30 часот во „Дом на АРМ“ - Струмица.
 
ОПШТИНА СТРУМИЦА
Комисија за спроведување на
постапка и програма за полагање на испитот
за добивање на сертификат за авто - такси возач

Одлука и формулари за неспроведување на стратегиска оцена

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за дел од блок 20 - линк
Формулар за SEA за дел од блок 20 - линк
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за дел од блок 33 (дел од блок 17 по стара поделба) - линк
Формулар за SEA за дел од блок 33 (дел од блок 17 по стара поделба) - линк

На иницијатива на градоначалникот Јаневски од 12 до 22 ноември ќе се одржуваат собири со граѓаните во урбаните и месните заедници

Се известуваат сите граѓани на општина Струмица дека во периодот од 12 ноември до 27 ноември 2018 година, на иницијатива на Градоначалникот, согласно законските и статутарните овластувања, ќе се одржат собири на граѓани во урбаните, односно месните заедници.

Конкурс за доделување на Годишна награда и животно дело на Општина Струмица “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”

Врз основа на член 10 од Статутот на Општина Струмица (“Сл. гласник на Општина Струмица” бр. 5/06) и член 28 од Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на Годишната награда на Општина Струмица “Св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” (“Сл. гласник на Општина Струмица” бр. 19/07, 23/09 и 25/09), Комисијата за општествени дејности при Советот на Општина Струмица, распишува:
© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544