Препораки до граѓаните за заштита од загадувањето на воздухот

Врз основа на добиеното известување од Министерството за животна средина и просторно планирање на ден 04.12.2018 година, а согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр.183 од 14.12.2017 година) за надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 µg/m3 (2 последователни дена на 01.12.2018, 02.12.2018 и 03.12.2018 година)  со среднодневни концентрации над 100 µg/m3), градоначалникот на општина Струмица, ги објавува следните ПРЕПОРАКИ до граѓаните:

 -Да се користи јавен превоз со мотори на плин (такси автомобили, такси комбиња), користење  на јавен превоз кога станува збор за локалните   населени места,

 -Приватните возила да не се користат без поголема потреба,

 -Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време,

 -Министерството за внатрешни работи да ја активира и да ја спроведе одлуката и контролата на воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила, 

 -Да не се користи како огревно средство за затоплување на простории: прегорено отпадно   масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ  амбалажа,   парчиња гума и било каков синтетички  материјал, 

  -Да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и отпадоци,

  -Печките за дрва да се користат и одржуваат според упатствата на  производителот и  редовно да се чистат оџаците,

  -Да се користат печките на пелети бидејќи  имаат повисока ефикасност на согорување во споредба со дрвата,

  -Пелетите  да бидат квалитетни, направени само од необработено дрво и без остатоци од каква било обработка (лепило, растворувачи,бои и   лакови)

  -Ефикасното грејно тело го загрева  домот, заштедува гориво и пари и ги  намалува емисиите во атмосферата,

  -На децата, старите лица, хронично болните од белодробни и срцеви  заболувања, но и за  лицата кои работат на отворен простор им се препорачува ограничено движење и  активности на отворен простор,

  -Носење на филтер маски за дишење,

  -Редовно чистење на улиците и пешачките површини во градот од страна  на ЈПКД „Комуналец“. 

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544