Општина Струмица успешно ги помина обновителната и редовната проверка на ИСО стандардите на Системите за квалитет и за управување со животната средина

Општина Струмица успешно ги помина обновителната проверка на стандардот  Систем за управување со квалитет согласно барањата на стандардот ИСО 9001:2015 и  редовната проверка на стандардот Систем за управување со животната средина согласно барањата на стандардот ИСО 14001:2015. Сертификацината проверка ја вршеше тим на проверувачи од словенечкиот институт за мерење на квалитет SIQ во сите организациони единици на општина Струмица. Според Томислав Андреев, координатор на тимот на раководството на Општината, при проверката, сите вработени во општинската администрација покажале висок степен на професионалност во примената на стандардите. opstina strumica

 „При оваа сертификациона проверка, тимот на проверувачи од словенечкиот институт констатираше успешна примена на стандардите и потврди позитивни параметри во однос на владеењето со Системот за управување со квалитет и Системот за управување со животната средина, добро владеење со документацијата, конзистентност и зголемување на обемот на работење, реализација на стратешките цели на општината и тенденција за постојано подобрување“, изјави Андреев. Струмица е прва општина во Република Македонија која во 2007 година го воведе стандардот за квалитет ИСО 9001:2008 и 12 години успешно го спроведува стандардот ИСО 14001:2004 за управување со околината.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544