Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празникот Рамазан Бајрам

Почитувани граѓани од муслиманска вероисповед,

Големиот исламски празник Рамазан Бајрам, како еден од  Вашите два најголеми верски празника, нека ви ги исполни срцата и душите со радост, добрина и благодат.  Завршувањето на Рамазанските пости нека биде триумф и круна на Вашата посветеност кон универзалните вредности, како што се љубовта, разбирањето и милосрдието. Од мое лично име и од името на вработените во Општина Струмица, Ви го честитам празникот, посакувајќи ви добро здравје, лична и семејна среќа и хармонија и топлина во Вашите домови. Нека Ви е за многу години Рамазан Бајрам.1

                                                                     

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544