Решение за свикување на дваесет и четвртата седница на Советот на Општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08- 4257 /1, 05.06.2019 год.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Решение за свикување на дваесет и четвртата седница на Советот на Општина Струмица
Ја свикувам дваесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица за ден 13.06.2019 година (четврток).
Дваесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата го предлагам следниот:
Дневен ред
1. Предлог - Одлука за превоз на учениците од основното и средното образование опфатени во училиштата од подрачјето на Општина Струмица; и
2. Предлог – Одлука за коорганизација на меѓународен спортски натпревар во ракомет.
3. Советнички прашања.
 
Совет на општина Струмица
Претседател,
Maрјан Даскаловски
© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544