Се тампонираат полските патишта во атарот на Муртино

Тампонирањето на полските патишта продолжи во атарот на населеното место Муртино. Се работи на два потега, од асфалтниот пат Сачево – Муртино кон местото викано Чешма Шинка во должина од 800 метри и од мостот на реката до населеното место Сачево во должина од 1.500 метри. Со тампонирањето на полските патишта го подобруваме пристапот до обработливите земјоделски површини..

 Согласно Програмата за реализација на општина Струмица за 2019 година, во ова населено место ќе бидат асфалтирани и три улици во должина од околу 220 метри

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544