Министерството за локална самоуправа и општините од Југоисточниот плански регион потпишаа договор за соработка

Во домот на АРМ, денеска, се одржа 12-та седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион на која што присуствуваше и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски. На седницата се разговараше за актуелните состојби во Општините од регионот, а беа потпишани и договори за соработка за 2019 година меѓу Министерството за локална самоуправа и општините основачи на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Градоначалникот Коста Јаневски, кој е и претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, рече дека со потпишувањето на договорите е легитимиран Центарот за развој на Југоисточниот плански регион кој што е активен чинител во рамномерниот регионален развој и е втор по развој во нашата држава. Министерот Милевски ги информираше градоначалниците за проширувањето на децентрализацијата со зголемени ингеренции и финансиски средства за општините, кое, ако успешно завршат започнатите процеси, ќе започне од јануари 2020 година.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544