Бесплатни 8.500 канти за комунален отпад ќе бидат поделени на домаќинствата во градот и населените места

Домаќинствата од населените места и градот ќе добијат нови 8.500 бесплатни канти за комунален отпад. Од денеска екипите на ЈКПД „Комуналец“ започнаа со распределба во населените места Баница, Водоча и Вељуса. Кантите се наменети исклучиво за индивидуалните домаќинства. Важно е да напоменеме дека тие ќе се делат бесплатно и истите ќе бидат на товар на ЈПКД „Комуналец“ и Општина Струмица.

12

Апелираме до граѓаните за домаќинско користење на кантите за отпад и истовремено да напоменам дека секоја друга канта за отпад, освен овие кои ќе бидат поделени, нема да се подигаат. Aцијата ќе продолжи во текот на цел месец август, во кој ќе бидат поделени 8.500 канти од 120 литри и ќе бидат опфатени сите населени места, како и градот Струмица,  изјави Бранко Горѓиев раководител на Одделението „Комунална хигиена“ при ЈПКД „Комуналец“. Со бесплатните канти, Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ го даваат својот влог и го потврдуваат сериозниот однос во заштитата на животната средина.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544