Започна со реализација Буџетскиот форум за 2020 година

Со одржувањето на првата форумска сесија во големата сала на Домот на АРМ, општина Струмица започна со реализација на Буџетскиот форум на кој граѓаните и градоначалникот Коста Јаневски заедно го креираат буџетот за 2020 година.

На планираните пет форумски сесии кои што ќе се одржат во текот на овој и идниот месец, граѓаните ќе имаат можност да даваат свои предлози за проекти и ќе утврдуваат приоритети кои ќе го подобрат квалитетот на живот во Општината. Втората форумска сесија ќе се одржи на 17 октомври.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544