Во Струмица е поставен првиот паметен соларен држач за велосипеди

Општина Струмица преку Секторот за локален економски развој и заштита на животната средина и еколошкото друштво „Планетум“ во Струмица го постави првиот паметен соларен држач за велосипеди, кој е инсталиран во дворот на средното општинско училиште „Јане Сандански“.
Станува збор за инсталација, која е прв пат поставена во нашата држава и која има 4 соларни панели и сончевата енергија ја претвараат во електрична енергија, со што се придонесува за зачувување на животната средина.
Соларниот паркинг за велосипеди не е само обичен паркинг за 13 велосипеди, туку паметен уред, каде може да се наполни батеријата на паметен телефон, лап топ, таблет, како и можност за безжично полнење. Ја има можноста преку WiFi рутер да се добијат локални податоци и активно мерење на температурата и квалитетот на воздухот.
Соларниот држач има свое LED осветлување, шанк подлога. Конструкцијата е галванизиран челик и е АNTI VANDAL производ.
Поставувањето на оваа паметна урбана опрема е проект на ЕД Планетум, финансиски поддржан од општина Струмица преку Г1 програмата, во партнетство со ЈПКД „Комуналец“ Струмица, одговорен за изведбата на бетонската плоча, како и за монтажата на конструкцијата. Дополнително во соработка со директорката на СОУ „Јане Сандански “ се обезбеди монтажа, а приватна компанија изврши инсталација на соларниот систем.
ЕД Планетум и овојпат, покажа иновативен пристап, преку кој би ја подигнале свеста кај младите и граѓаните и би ги мотивирале и другите институции (општински и јавни) да размислуваат како Струмица да ја претвориме во „штедлив“ град и да биде прва и пример за останатите градови.
© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544