Огласна табла

На иницијатива на градоначалникот Јаневски од 12 до 22 ноември ќе се одржуваат собири со граѓаните во урбаните и месните заедници

Се известуваат сите граѓани на општина Струмица дека во периодот од 12 ноември до 27 ноември 2018 година, на иницијатива на Градоначалникот, согласно законските и статутарните овластувања, ќе се одржат собири на граѓани во урбаните, односно месните заедници.

Конкурс за доделување на Годишна награда и животно дело на Општина Струмица “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”

Врз основа на член 10 од Статутот на Општина Струмица (“Сл. гласник на Општина Струмица” бр. 5/06) и член 28 од Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на Годишната награда на Општина Струмица “Св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” (“Сл. гласник на Општина Струмица” бр. 19/07, 23/09 и 25/09), Комисијата за општествени дејности при Советот на Општина Струмица, распишува:

Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен балкан (ReLOaD)

undp logoeu logoРегионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) е финансирана од Европската унија и ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до јануари 2020 година и ќе има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество за негово активно учество во процесот на донесување одлуки.
Целосниот текст од објавата и останатата документација може да ги симнете од линковите во продолжение:

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 90/17, 64/18 и 168/18) и член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02), Градоначалникот на општина Струмица, распишува:

Покана за учество на настан

ekocar„Европска недела на мобилност„  16-22 септември 2018 на тема “Комбинирај и движи се

Почитувани, Ни претставува особена чест да Ве поканиме да земете учество и бидете дел од настанот „Европска недела на мобилност“ 16-22 септември 2018 на тема “Комбинирај и движи се”.

Соопштение за повторно објавување на јавен повик

undp logoeu logoСе известуваат сите граѓански организации што аплицираа на „Јавниот повик за граѓански организации за поднесување на предлог проекти во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD)” во општина Струмица, кој беше отворен од 19 март 2018 до 16 април 2018, дека повикот е поништен и ќе биде повторно објавен во септември/октомври 2018. 
Повикот ќе биде отворен за сите граѓански организации од општина Струмица. Имајќи ги предвид научените лекции од првиот повик, а со цел јакнење на капацитетите на граѓанските организации и нивно подобро подготвување за новиот повик, ќе бидат организирани нови инфо сесии и дополнителни обуки/менторства за заинтересираните граѓански организации.
Информациите за новиот јавен повик и за сите останати активности поврзани со повикот ќе бидат објавувани на интернет страниците на општина Струмица и на УНДП.
© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544