Одделение за внатрешна ревизија

Одделението за внатрешна ревизија ги врши следните работи:
- врши внатрешна ревизија, согласно со закон и со системот на процедурите за внатрешна ревизија воспоставени од општината, согласно со меѓународните стандарди за професионално работење на внатрешната ревизија, прифатени од Министерството за финансии;
- подготвува годишен план за внатрешна ревизија и по одобрување од градоначалникот на општината, го обезбедува неговото спроведување и следење;
- доставува извештаи за извршената внатрешна ревизија до градоначалникот на општината;
- подготвува квартални и годишни извештаи за работењето на внатрешната ревизија;
- врши оценување на значајни фактори на ризик и дава совети на градоначалникот на општината, за намалување на истите;
- ја утврдува економичноста, ефикасноста и ефективноста во работењето на системите за финансиско управување и контрола и дава препораки за подобрување на работењето на општинската администрација;
- ја следи и проверува точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи;
- ја утврдува и оценува усогласеноста на работењето со законите, подзаконските акти и актите на органите на општината.

Раководител: Марија Гарванлиева, тел.034 348-030

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544