Реконструкција и обнова на спортските терени на територијата на Општина Струмица

Со овој проект ќе бидат опфатени 14 терени за мал фудбал / ракомет, 6 за одбојка и кошаркарски игралишта.

Активностите опфакаат:
- одбележување (бојадисување) на линиите,
- бојадисување на стативите, конструкциите за кошеви и столбовите за одбојка,
- поставување на нови табли и обрачи,
- поставување на нови мрежи за ракомет, одбојка и кошарка.

Паралелно со овие активности ке оди и медиумска кампања за популаризација на спортот кај младите.

Целта на проектот е да се создадат услови за рекреативни спортски активности, популаризација на спортот како и  отргнување на младите од лошите навики.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544