Посредување при вработуивање на високо образовани и со средно образование млади невработени фаза- 2 (EMY-фаза 2)

Целта на развој на “Посредување при вработување на високо образовани и со средно образование млади невработени” (EMY-FAZA 2) на УНДП е да се подобрат способностите , подготвеноста за работа и пазарниот настап на невработените млади луѓе со универзитетка и средношколска диплома и без работно искуство како и да се поддржи подобрувањето на локалните економии.

Во проектот на ЕМY во првата фаза беа ангажирани 30 волонтери. Дел од нив благодарение на овој проект имаат долгорочен работен ангажман додека другите волонтери ја подобрија конкурентноста на пазарот на трудот.

Активности:

• Објавување на јавен конкурс за невработени, и МСП
• Спојување на невработените и фирмите
• Волонтерска пракса 

Карактеристики:

- структурата на невработени кои ке влезат во проектот мора да биде во однос 70% со средно образование и 30% со универзитетско образование.  Односот може да се менува само во корист на зголемено учество на високо образовниот кадар

- невработените треба да бидат помлади од 35 години.

- невработените треба да бидат без работно искуство.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544