Споменик Костурница

Спомен Костурница е изграден на ридот Самораница на 327 м. надморска висина. Изградбата започна 1979 година, а на 04.07.1982 година со свечен чин се пренесени моштите на загинатите борци во НОВ и положени во саркофагот. Во саркофагот се наоѓаат посмртните останки на: Благој Јанков Мучето, Герас Цунев, Сандо Масев, Васил Сурчев, Киро Абрашев, Иљо Шопов, Јанко Цветинов и Димитар Цветинов. Дело е на архитектот Благој Колев, граден е од бел мермер. На платото е аулата со саркофагот од кафеав мермер. Аулата има 2 врати влез - излез и е во форма на полукруг, осветлена од три странични прозора и еден централен. Платото е градено во замисла на отворен амфитеатар, а мермерните платна се во форма на раскинати ланци, раскинето ропство. Пишаните стихови пред влезот во аулата се на Коце Солунски:

Татковино огниште разгоривте
древни темели зацврстивте
простор немирлив засводивте
во својата срцевина

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544