Се одржа меѓународен турнир во женски фудбал Куп на Карневалот Струмица 2018

Градоначалникот Коста Јаневски и претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски, ги врачија наградите на најдобрите учесници на вториот меѓународен турнир во женски фудбал „Куп на Карневалот Струмица 2018“. Екипата „Енко“ од Пловдив, Бугарија го освои третото место, додека пак турнирот по втор пат го освои ЖФК „Тиверија“ од Струмица по победата над првакот на Црна Гора „Брезница“ со резултат 2:0 Најдобри стрелци беа Бршњо, Карличиќ (Брезница) Николовска и Стојковска (Тиверија), најдобар голман Викторија Панчурова од ЖФК „Тиверија“, додека за играч на турнирот е прогласена Елена Панеска исто така „Тиверија“.