Општина Струмица упатува Јавен повик за инфо сесија за Проектот за локална и регионална конкурентност

Општина Струмица како еден од потенцијалните корисници на подгрантовата шема на Проектот за локална и регионална конкурентност кој се финансира со грант од Европската унија (ИПА 2). Неговата развојна цел е да го зајакне придонесот на туризмот во локалниот економски развој и да ги унапреди капацитетите на институциите со цел да се поттикне развојот на туризмот и да се олесни управувањето со дестинациите. Со објавувањето на вториот повик за доделување на подгрантови за поддршка и развој на туризмот, се организира инфо сесија за потенцијалните апликанти.Општина Струмица упатува Јавен повик до сите заинтересирани граѓани, институции, туристички агенции и работници и до целокупниот бизнис сектор во Општината да дојдат на инфо сесијата која што ќе се одржи на 22.03.2018 (четврток) со почеток во 10:00 часот во хотелот Глигоров. Целта на инфо сесијата е потенцијалните апликанти подетално да се запознаат со целите на повикот како и со самиот процес на аплицирање.
Вкупната вредност на грантовата шема изнесува над 21 милиони евра, од кои 18 милиони се обезбедени преку компонентата ИПА 2, додека 3,2 милиони евра изнесува учеството на Владата на Република Македонија. Овие средства ќе се доделуваат на проекти од општините, туристичките здруженија и асоцијации, како и од мали и средни претпријатија, во насока на поттикнување на туризмот, сектор кој има голем потенцијал за развој.