Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и денеска ја продолжи акцијата за уредување и обновување на дрворедите во општина Струмица. Нови садници од видовите јасен и јавор се засадија на тротоарите на булеварот „Маршал Тито“ во близина на средното општинско училиште „Никола Карев“.