Градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски, денеска одржа средба со претставниците на Здружението на загинатите бранители во конфликтот 2001-2015 година. На средбата присуствуваа и претставници од кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, од министерството за одбрана и министерството за внатрешни работи, а се разговараше за потребите на семејствата на загинатите бранители. Градоначалникот Јаневски им даде максимална поддршка во решавањето на проблемите со кои што се соочуваат овие семејства.