Јаневски: Ајде да го разбудиме човекот во секој од нас и да направиме нешто со што ќе се гордееме

Во Центарот за култура „Антон Панов“ вечерва беше промовирана кампањата „На секое дете му треба семејство“ што ја спроведуваат Министерството за труд и социјална политика и Канцеларијата на УНИЦЕФ во соработка со СОС Детско село. Поддржувајќи ја оваа кампања, градоначалникот Коста Јаневски рече дека Струмица отсекогаш знаела да го каже своето „добредојде“ за сите позитивни нешта кои овозможуваат да се направи значаен исчекор за напредокот на заедницата или општеството.