Општина Струмица ги информира граѓаните дека утре (30.06.2018 година) е последен ден за поднесување геодетски елаборати за бесправно изградените објекти за веќе поднесени барања во 2011 и 2015 година. Со цел да им излезе во пресрет на граѓаните кои тоа го немаат направено, утре од 8 до 16 часот ќе има дежурна екипа која ќе ги прима елаборатите во Одделението за урбанизам кое што се наоѓа во зградата на булеварот „Ленинова“ спроти Основниот суд во Струмица. Истовремено, се известуваат граѓаните дека рокот за поднесување на нови барања за легализација на бесправно изградени објекти трае до 31.12.2018 година.