На отворената летна сцена кај Чешмичката во големиот градски парк, помина уште една прекрасна вечер од богатата музичка понуда на Струмица опен фестивалот. Еден од најуспешните македонски бендови „Нокаут“ одржа концерт за паметење во кој уживаа струмичани и нивните гости, а со нив беа и градоначалникот Коста Јаневски и членови на Советот на општина Струмица. Вечерва на истата сцена со почеток во 21 часот ќе се одржи завршен концерт од летната школа за гитара на кој младите гитаристи ќе го споделат наученото со предавачите Влатко Стефановски и Васко Пиличев.