Десет пожарникари од Територијалната професионална противпожарна едница на Струмица учествуваат на меѓународна вежбовна активност за спасување од урнатини и поплави „Србија 2018“ која што се одржува во Младеновац, Република Србија. Нивното учество е во рамките на Републичките сили за заштита и спасување. Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, учеството на вежбата е со цел да ги зајакнат капацитетите за подобра координација и спасување од сите природни катастрофи, кои можат да го зафатат регионот. Вежбата ќе трае до 12 октомври и се одржува под покровителство на НАТО.