Во рамките на програмата Форуми во заедницата, општина Струмица ќе го спроведе Буџетскиот форум 2018/2019 година. Овој форум ќе има пет сесии, а првата ќе се одржи в петок (09.11.2018 година) со почеток во 18 часот во големата сала на домот на АРМ. Раководителот на Одделението за локален економски развој, Тони Милушев, на денешната прес конференција информираше за реализацијата и значењето на Буџетскиот форум.
Еве не исправени уште пред еден предизвик! Предизвик кој не мотивра сите нас, заеднички, посветено и одговорно да работиме во интерес на нашиот напредок, на напредокот на нашата една и единствена Струмица. Општина Струмица по шести пат, во рамките на Програмата Форуми во заедницата, но овој пат со веќе силни изградени сопствени капацитети самостојно организира и спроведува Буџетски форум 2018/2019 година, како можност, низ една таква форма на консултација на граѓаните како што се форумите, да ги охрабри и вклучи сите граѓани на општина Струмица, заеднички да размислуваат, да разговараат, да дебатираат, да приоретизираат и заеднички да се договорат за идните локални политики, односно да помогнат во процесот на креирање на локалните политики согласно потребите на граѓаните и во таа насока сите заедно да градиме општина по мерка на граѓаните, општина во која сите ние ќе се чувствуваме среќни и задоволни, општина со Буџет креиран на партиципативен начин, Буџет креиран токму спрема потребите на сите граѓани подеднакво! Буџет со кој Општината повторно ќе го потврди своето лидерство во унапредувањето и практицирањето на демократијата во Република Македонија. Форумскиот процес, односно Буџетскиот форум во општина Струмица 2018/2019 година, како дел од Програмата форуми во заедницата, по прв пат самостојно се организира и спроведува од страна на општина Струмица под водство на Градоначалникот, г-динот Коста Јаневски и е јасна интенција и порака на општината до сите граѓани дека партиципативното учество на граѓаните во креирањето на општинските политики дефинитивно е од пресудно значење за успехот и напредокот на општината, особено во креирањето на политиките и во таа насока донесувањето на одлуките, пред се во процесот на креирањето на Буџетот по мерка на граѓаните. Имајте во предвид дека овој Буџетски форум е уште една можност граѓаните да дискутираат и да дебатираат за Развојните програми и проекти како дел од предлог буџетот на општина Струмица за 2019 година и во тој контекст со своите предлози и идеи да влијаат на локалните политики во сите сегменти, особено да креираат партиципативен буџетот за наредната 2019 година. Уште повеќе да потврдите дека сте најважните чинители во тој консултативен процес во кој вашето мислење, сугестии и укажувања од страна на општината се земаат во предвид и се потврдуваат како пресудни во процесот на одговорно буџетирање и локално владеење на кое може да му се верува. И оваа година во рамките на петте форумски сесии од овој форумски процес, Вие граѓаните на општина Струмица ќе имате можност од блиску да го запознаете Буџетотот, односно структурата на буџетот за да на едноставен и лесен начин можете да го читате, разбирате и секако го следите неговото исполнување, особено да го дискутирате за да на крај одлучите каде народните пари ќе бидат потрошени. Присуство на Градоначалникот на општина Струмица, г-динот Коста Јаневски и целиот состав на Советот на општина Струмица, како и раководните структури од општинската администрација и надлежните локални институции, месните и урбаните заедници на сите форумски сесии во рамките на целиот форумски процес, за сите Вас нека биде уште еден дополнителен силен мотив да бидете дел од тој процес, односно од Буџетскиот форум во општина Струмица 2018/2019 год, за да сите заедно придонесете за доброто на нашата општина Затоа Ве повикувам сите граѓани на општина Струмица да се одважите и присуствувате на првата форумска сесија што ќе се одржи на 09.11.2018 година со почеток во 18 часот во големата сала во поранешниот Дом на АРМ, за да го дадете својот максимум во овој процес на партиципативното буџетирање. Затоа ајде од петок (09.11.2018 година) па во наредните четири недели секој петок, во огромен број потврдиме присуство и изградиме амбиент со позитивната работна енергија која ќе биде наша двигателна сила и потврда за нашиот заеднички интерес да изградиме општина во која сите ќе се чувствуваме задоволни, рече Милушев.