Општина Струмица има позитивно искуство од повеќегодишната соработка со Мировниот корпус

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, присуствуваше на промотивната средба која што во организација на Мировниот корпус се одржа во домот на АРМ во Струмица. На средбата присуствуваа претставници на воспитно-образовните институции и невладиниот сектор од општина Струмица, а целта беше запознавање со новиот повик за аплицирање за волонтер од Мировен корпус за оваа година.

Градоначалникот Јаневски го пренесе позитивното искуство од повеќегодишната плодна соработка што го има општина Струмица со Мировниот корпус. Мировниот корпус е независна американска владина агенција, која обезбедува волонтери во земјите низ светот. Преку меѓувладин договор во 1996 година, Мировен корпус почна да работи во организациите и училиштата во земјава со цел да ги поддржи различните потреби на заедниците и да го зајакне мирот и пријателството меѓу двете земји. Општина Струмица има стекнато големо, позитивно искуство и воспоставено повеќегодишна и плодна соработка со Мировен корпус во нашата земја, изразени преку присуството на пет волонтери кои со својата работа во изминатите години дадоа значителен придонес во развојот на нашата заедница.  Овој Информативен настан е од посебна важност за сите Вас како потенцијални апликанти, бидејќи ќе имате можност детално да се информирате за начинот на поднесување на апликациите, а, исто така, да ги добиете и сите потребни информации и насоки за новиот повик за аплицирање за волонтер од Мировен корпус за оваа година. Воден од желбата за продлабочување на соработката, ве охрабрувам да аплицирате, рече градоначалникот Јаневски.