Се одржа традиционалниот „Детски Семафор“ за учениците од основните училишта

Во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а со поддршка на општина Струмица, денеска, се одржа традиционалната сообраќајно воспитна манифестација „Детски семафор“. На натпреварот учествуваа 30 ученици од основните училишта на општина Струмица, поделени во две возрасни групи.