Се одржа завршен настан на активностите во проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“

Под мотото „Љубовта, почитта и разбирањето се нашите вредности“, денеска, во големата сала на Домот на АРМ се одржа завршен настан на заедничките активности во проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“. Активностите беа реализирани во рамките на секциите: млади креативци, драмска и спортска секција, а во кои беа вклучени ученици од основните училишта „Маршал Тито“ и „Никола Вапцаров“ од Струмица и „Маршал Тито“ од Муртино. Учесниците и гостите ги поздрави членот на Советот на општина Струмица“, Ацо Ѓоргиев.