Соопштение за организирање на јавна анкета и презентација

Врз основа на член 39 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на општина Струмица“ број број 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10,1/15, 8/18 и 16/19) Градоначалникот на општина Струмица, објавува:
СООПШТЕНИЕ
Се организира јавна анкета и јавна презентација за изработка на Урбанистички план за село Дабиље, Општина Струмица со површина од 121.98 Ха со плански опфат село Дабиље на подрачјето на КО Дабиље.
Одлуките за организирање на втора јавна анкета и јавна презентација се објавени на огласната табла на општина Струмица, Сектор за урбанизам и комунални работи, е-урбанизам, ВЕБ страната на Општина Струмица, „Службен гласник на општина Струмица“ и две јавни гласила.
Јавната анкета ќе трае од 24.06.2019 год. до 05.07.2019 год
Заинтересираните граѓани и правни лица, своите забелешки на посебни анкетни листови, ќе можат да ги достават во просториите на Секторот за урбанизам и комунални работи.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Дом на културата на с. Дабиље на ден 28.06.2019 година во 11,00 часот
Општина Струмица
ГРАДОНАЧАЛНИК
Коста Јаневски