Астерфест

Астерфест

Интернационален филмски фестивал АСТЕРФЕСТ | ASTERFEST International Film Festival

Астерфест е меѓународен филмски фестивал кој што започна да се одржува од 2005 година во Струмица. Фестивалот има натпреварувачки карактер. На фестивалот се доделуваат наградите: Златна, Сребрена и Бронзена потковица, Старозлатен проектор, Наградата за најдобар автор „Ацо Алексов“, Наградата за најдобро сценарио „Ѓорѓи Абаџиев“, како и други награди за најдобрите филмови. Покрај овие награди, се доделуваат и почесната Награда за високи достигнувања во областа на филмот „Астер“ и други специјални награди. Досегашни гостински лауреати на Астерфест биле: Бранко Гапо, Карољ Вичек, Лордан Зафрановиќ, Рангел В’лчанов, Боро Драшковиќ, Мигел Ермосо, Жарко Радиќ, Лаила Пакалнина, Салаетин Билал, Тимоти Бајфорд, Владимир Блажевски, Славко Штимац, Ларс Хенрик Гас, Карпо Година, Љупка Џундева, Боро Стјепановиќ, Киро Урдин, Борис Геретс, Вајт Хелмер, Борис Каваца, Коле Ангеловски, Џеки Шепард, Данчо Чеврески, Ким Лонгиното… Во официјалната компетиција на фестивалот земаат учество професионални филмски автори и продукции од цел свет, а се прикажуваат кусометражни и долгометражни содржини. Фестивалот се одржува секоја година и е поддржан од Општина Струмица и Агенцијата за филм. Уметнички директор на Астерфест е основачот на фестивалот Горан Тренчовски. Астерфест прерасна во значајна филмска манифестација посветена на краткометражниот филм не само во Македонија, туку и во регионот.
The annual editions of our AsterFest International Film Festival (since 2005, founded by artistic director Goran Trenchovski) are dedicated to the professional short film culture. Previous years the festival have chosen around 1000 films from 50 countries in the competitive contest, together with few special programs and with several extra films. The main awards for AsterFest film competition are: Aster Award, Golden, Silver and Bronze Horseshoe, gOLDen Projector, Aco Aleksov Award and Gjorgi Abadziev Award. The festival presents the festival programme into the categories: AsterDocs, Global Fiction, Animotion, Merry-Diones, Tributes. Special AsterFest laureates were: Branko Gapo, Karolj Vicsek, Lordan Zafranovic, Rangel Vulchanov, Boro Draskovic, Miguel Hermoso, Zarko Radic, Laila Pakalnina, Salaetin Bilal, Timothy Byford, Vladimir Blazevski, Slavko Stimac, Lars Henrik Gass, Karpo Godina, Ljupka Dzundeva, Boro Stjepanovic, Kiro Urdin, Boris Gerrets, Veit Helmer, Boris Cavazza, Kole Angelovski, Jackie Sheppard, Danco Cevreski, Kim Longinotto… Former festival mottoes are: Discovering new cinematical spaces, Capture of multicinematical spaces, Boundless film views, Southeastern stories, Euro-Atlantics film signpost, Strumica – openness – creation, Odyssey 2012, Behind the ninth screen, New & old, One film everywhere, everyone at AsterFest, Brief stories – great wisdom., Between fact and fiction, Short cuts…