Кошарка

КОШАРКА

КК РОЛИНГ 08

Основање на клубот
Кошаркарскиот клуб РОЛИНГ 08 е основан на 08.08.2008 година од поранешните кошаркари Петар Настев, Михаил Ефтимов, Леонид Танчев, Зоран Гонев и Ѓорги Стојков.

Цел и програма на клубот
Основна цел на клубот е да се овозможи на секое дете и млада личност да се занимаваат со спорт. Програмата за работа на клубот е наречена “Први кошаркарски чекори“ и целта на истата е да се овозможи на децата низ игра да ги направат своите први спортски чекори. Првите чекори се најважни, се паметат цел живот и мора да бидат научени на вистински начин. Самата програма е изработена од експерти во својата област и прилагодена на возраста на децата. Секое дете-член на школата добива опрема за тренинг (маица, дрес со шорц и кошаркарска топка).

Тренинзи
КК РОЛИНГ 08 своите тренинзи ги одржува во спортската сала на СОУ “Димитар Влахов“- Струмица и ДТВ “Партизан“.

КК МИЛЕНИУМ
Формиран на 11-ти Септември 2001 година од поранешни врвни кошаркари и спортски работници. Во склоп на клубот работи кошаркарска школа во која членуваат околу 120 деца.



Тренери: Златко Зетов, Драган Јанков, Славе Иванов

Успеси:
– 1992-1993 Final Four – IV место(од таа генерација имаше двајца репрезентативци: Димитар Абрашев и Ѓорги Узунов)
– 2003-2004 Final Four -со јуниорската екипа во Струмица – IV Место
– Генерацијата 94 веке 4-5 години по ред нон стоп е учесник на Final Four. Има освоено еднаш II и еднаш III место.
– Последните години на изборот на спортист на Струмица КК Милениум освои два пати трето место, два пати второ место и еднаш прво место во конкуренција на млади екипи.
Најголем успех е освоено II место на балканската лига во Благоевград-Бугарија.
Меѓународни турнири
• Чика Муња – Лазаревац (СЦГ) V место
• Џурџевдан – Чачак и Крагуевац (СЦГ) V место
• Ивред 2004 – (Италија) – IX место
• Струмица 2005 III место
• Струмица 2005 I место
• Чачак Меѓународно гостување
• Лесковац Меѓународно гостување
• Струмица гостување на екипа од Чачак
• Струмица гостување на екипа од Лесковац
• 2006-Струмица генерација 92/93 III место
• 2008-Шпанија (Росес) генерација 92/93–V место, генерација 94–IV место
• 2008-Чачак (Крагуевац) генерација 95/96–VII место
• 2009-Струмица генерација 92/93 III место, генерација 94–V место

Тренинзите ги оддржува во спортскатa сала на ОУ Видое Подгорец и ДТВ Партизан.

МКК СТРУМИЦА
Формиран: 2009 година
Успеси:

БАСКЕТ АКАДЕМИЈА СТРУМИЦА

Формиран:
Успеси:

ЗВЕЗДИ

ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ

Клубови: Неметали Огражден, Партизан, Олимпија, Барселона, Лотоматика, Анадолу Ефес.