Лов и риболов

Лов и риболов

ЛОВНО ДРУШТВО – БЕЛАСИЦА

Ловното друштво Беласица е формирано во далечната 1946 година.
На почетокот друштвото го носи името Илинден се до 1973 година кога е преименувано во ЛД Беласица- Струмица.
За прв претседател на друштвото бил избран Кирил Николов (Тошев) а за секретар бил избран Димитраќе Грчев.

Претседател: Марјан Даскаловски
Технички Секретар: Атанас Хаџи-Стојанов
Членови: преку 400

Концесионери на 3 ловишта: Водоча, Варварница, Тркајна.

Општина Струмица додели награда “Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” за 2007 година како признание за посебни остварувања на Ловно друштво “Беласица “Струмица” за развој и унапредување на ловниот спорт.

Првиот претседател: Кирил Николов(Тошев)(десно на фотографијата)
и секретарот Димитраќе Грчев(лево)

Момент од турнир во стрелање глинени голуби во 1989 година
со гости од Банатско Велико Село

ЗСР ШАМПИОН 2005 СТРУМИЦА

Формиран: Јули 2005 година
Се натпреварува во: Сениори, кадети, јуниори
Оваа година клубот за прв пат оваа година го организираше турнирот 11 Септември
Членови: 110
Основните цели на здружението е да се овозможи на секој млад спортски риболовец да ги усовршува риболовните вештини и да се изгради во добар спортист.

Претседател: Кирил Ѓузелов

Тренер: Јосиф Божинов

Секретар: Тони Гогов

Телефон за контакт: 077/925-263

е-маил: kirilgjuzelov@yahoo.com

Ѓузелов Кирил
Роден: 02.05.1959 год.
Успеси:
– Од 1973 до 2003 освоени 10 први места, 2 втори и едно 3-то место на друштвените натпревари во организација на Срд “Мрена” и Срд”Трофеј”.
– Учествува на меѓународни натпревари во организација на РФМ
– Учесник на светско првенство во Толедо-Шпанија во 1999 година.
– Поранешен тренер на младинските и пионерските екипи на Срд “Мрена” и Срд “Трофеј” од Струмица.
– Тренер на младинската и пионерската екипа во риболовната федерација во спортски риболов на Република Македонија.
– Тренер на националниот тим во спортски риболов на Република Македонија и помошник на селекторот г-дин Сашо Кожухаров.
– Претседател и на Срд “Мрена” во периодот од 1995 до 1998 година и прв основач на Срд “Трофеј” од Струмица.
– Учесник на две Балкански првенства: Будимпешта (Унгарија) и Младеновац (Србија)
– Во 2000 година е избран за спортист на милениумот во спортски риболов и доделено му е признание со златна плакета во организација на советот за спорт при локалната самоуправа.
– Како долгогодишен спортски работник во 2001 година го зазема 2-то место за најуспешен тренер во Општината и има освоено уште многу награди во неговата домашна колекција.