Поволности при инвестирање

Поволности при инвестирање

Намалување на комуналните такси за изградба на нови производни погони

Инвеститорот кој е решен да придонесе за развој на стопанството и бизнис секторот, Општина Струмица му овозможува намалување на комуналната такса, се со цел да ги поттикнат да се развиват со зголемена динамика и правци кон кои тежат сите европски земји.
За да ги искористи тие поволности инвеститорот треба да ја достави потребната техничка документација потребна за градба, да го достави бизнис планот за погонот кој ќе се гради во Одделението за Локален Економси Развој во Општина Струмица.
Со доставената техничка документација се пополнува и формулар со потребни податоци за инвеститорот.
Целосната документација ќе биде разгледена во Одделението за Локален Економски Развој, кои ќе се базират врз одредени критериуми по кој ќе биде извршено намалувањето на комуналните такси за потенцијалните инвеститори.
Критериумите ќе бидат изградени врз база на следните параметри и тоа:

• висина на инвестицијата
• број на нови вработувања
• број на вработување од високообразовен кадар
• користење на суровини од домашно (локално) потекло
• големина на пазарот
• процент на извоз
• производство на готов или полуготов производ
• воведување на нова технологија и креирање на нови асортимани на производи
• како нај значаен и посебен критериум е еколошкиот аспект на новите производни погони.

Врз база на целосната документација доставена од инвеститорите, Одделението за Локален Економски Развој ќе изготви писмен извештај во кој ќе биде образложено намалувањето на комуналната такса.
Целата документација ќе биде разгледана и потврдена со одлука на Советот на општина Струмица.
Со преземената конкретна активност Општина Струмица ќе овозможи олеснување на инвеститорите како и стимулирање за отварање на нови производствени погони и развој на мали и средни претпријатија, се со цел да општина Струмица биде современа и економски развиена општина. Друга голема поволност која ќе допринесе инвеститорот да не се колеба и да ја избере Струмица како дестинација за инвестирање е неодамна имплементираниот проект за Гасификација на Струмица со природен гас, со што Струмица стана прва општина во Македонија која е гасифицирана преку виртуелен гасовод. Има гасоводна мрежа до речиси сите индустриски зони и ЈП Струмица Гас нуди поволности за потенцијалните инвеститори кои се заинтересирани за приклучување кон гасоводниот ситем, бидејќи природниот гас е најекономичниот и еколошки најдобар енергенс.