Карате

Карате

ШОТОКАН КАРАТЕ КЛУБ ФУДО

Формиран: 1985 година
КК Фудо е член на Македонската Карате Федерација која е членка на Европската и Светската Карате Федерација.
Во Клубот преку редовни тренинзи се презентира карате вештината а преку организирани натпревари и полагања за појаси за членовите на клубот во рамките на КФМ достојно се претставува името на клубот и нашиот град.

Организатор на тренинзите и инструктор во КК Фудо е Ѓорге Наков носител на мајсторско звање 5-ти Дан во Шотокан карате спортот во рамките WSKF-Светската Шотокан Карате Федерација.
Од 1974 година, со отварањето на првата карате секција до 1978 година со формирањето на првиот карате клуб до денес несебично го пренесува своето карате искуство и знаење на сите сограѓани заинтересирани за совладување на древната боречка вештина – карате.
Од првите зачетоци на карате вештината во Струмица, до 1990 година, во рамките на Југославија, каратистите од Струмица со успех ја претставуваа Струмица на републичките и државните натпревари каде ги освојуваа високите први, втори и трети места.

Членовите на Карате Клуб Фудо имаат постигнато добри резултати и на меѓународен план со учество на Балканските првентства за Кадети и Јуниори во Ијаши -Романија и Софија – Бугарија.

Тренинзите се одржуват во салата на ДТВ Партизан во Струмица.

Лице за контакт: Ѓорге Наков (Карате инструктор 5-ти Дан)

Телефони за контакт: 070 374-928 и 034 344-323, 034 340-110, 034 346-602

e-mail: gjnakov@yahoo.com

ШОТОКАН КАРАТЕ КЛУБ ШИХАН

Формиран: 1994 година

Претседател: Петар Стевков

Член на карате Федерацијата на Македонија која е членка на Европската и Светската Карате Федерација. Клубот се занимава со учење и практицирање на карате вештината преку системот на натпревари кои ги организира Карате федерацијата на Македонија. Се има натпреварувано на просторите на бивша Југославија и пошироко, и тоа во Србија, Хрватска, Босна, Унгарија, Турција, Грција и др. Клубот се натпреварува во системот на натпревари што ги организира Карате федерацијата на Македонија. Клубот моментално брои околу 100 члена. Од 1997 год. па до денес клубот има освоено преку 80 медали на домашни и меѓународни натпревари и тоа во пионерска, кадетска, а во последно време и во јуниорска и сениорска конкуренција.

Клубот ги одржува тренинзите во спортската сала при ОУ Сандо Масев, а се натпреварува насекаде низ Македонија. Во клубот има неколку тренери: Стевков Петар, Терзиев Звонко, Пасков Златко и Василев Атанас. Претседател на клубот е дип.арх.Стевков Атанас кој е бивши каратист и натпреварувач.
Телефон за контакт: 034/347-702, 070/253-844