Фудбал

ФУДБАЛ

ФК БЕЛАСИЦА

Формиран: Клубот е формиран на 13 Август 1922 година. Настапува во трета лига – исток

Претседател: Перо Мишовски
Тренер: Трајче Георгиев
Секретар: Славчо Тимов

ФК ТИВЕРИЈА

Формиран: Клубот неофицијално е формиран во 1921 година, а се регистрира на 13 Февруари во 1923 година. Во сезоната 2014/2015 настапува во трета лига Исток.

Директор: Илија Панов

Тренер: Ацо Стојанов

e-mail: fc.tiverija@gmail.com

ЖФК ТИВЕРИЈА

Тренер: Славе Велков
Тренер: Гордана Кочева

e-mail: zfktiverija@gmail.com
Клубот работи од 2010 година. Од минатата 2013/2014 сезона за прв пат настапуваше во првата женска фудбалска лига и стана вицешампион на Македонија. Тренинзите се одржуваат во спортскиот центар Истатов во Градско Балдовци и стадионот Младост – Струмица.

ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

Еден од најорганизираните фудбалски клубови во Македонија кој работи со млади категории. Клубот е во сопственост на најдобриот Македонски фудбалер Горан Пандев

Претседател: Илија Матеничаров
Директор: Југослав Тренчовски

Тренер: Милан Василев
Тренер: Тони Атанасов
Тренер: Ѓорге Стојчев
Тренер: Звонко Тодоров
Тренер: Мите Андреев
Тренер: Петар Андреев
Тренер: Зоран Андонов
Тренер на голмани: Томи Пандев

ГОРАН ПАНДЕВ

Роден: 27.07.1983 година во Струмица
Клубови: Беласица, Интер (Италија), Специа (Италија), Анкона (Италија), Лацио (Италија), Интер (Италија), Наполи (Италија), Галатасарај (Турција)
Европски клупски шампион со екипата на Интер во сезоната 2009/10.
Шампион на Италија и освојувач на Италијанскиот куп во сезоната 2009/10.

БЛАГОЈ ИСТАТОВ

Роден: 05 Април 1947 година во Струмица

Клубови: Беласица, Партизан, Утрехт.

Благој Истатов бил тренер на Беласица и повеќе клубови во Македонија и тренер на голманите во Македонскиот национален тим. Живее и работи во Дојран.