Одобрение

Одобрение за градба

КАКО ДО ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ?  ( https://gradezna-dozvola.mk )

ЗА ДА ДОБИТЕ ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ НАЈПРВИН ТРЕБА ДА ГИ ИЗВАДИТЕ СЛЕДНИТЕ ДОКУМЕНТИ:

ИЗВОД ОД УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН

ПО ПОТРЕБА УСВОЕН АРХИТЕКТОНСКО УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ

I. ИЗВОД ОД УРБАНИСИТЧКО – ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Пополнето Барање за добивање Извод со уплатена градежна такса;

* Изводот е основа за изработување основен проект за градба ;

II. ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА

За да добиете ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА доставете ги следните документи:

1. Пополнето Барање за Одобрение за градба;

2. Доставете правно дело за уредување на меѓусебните права и обврски склучен помеѓу инвеститорите за изградба на градбата , (доколку станува збор за повеќе инвеститори меѓу кои има и физички лица заверено кај Нотар) .

3. Архитектонско – урбанистички проект заверен од надлежен орган доколку со урбанистичкиот план или локалната урбанистичка планска документација е предвидена изработка на овој проект,

4. Основен проект во три примерока,

5. Писмен извештај и согласност за нострификација ( доколку проектот е изработен во странство

6. Ревизија на основен проект во три примерока ( но не и за градби наменети за индивидуално домување со бруто површина до 300 м2 ),

7. Доказ за право на градење (имотен лист со запишано право на сопственост или право на долготраен закуп, или право на службеност на градежно земјиште или договор за пренесување на правото на градење на предметното градежно земјиште или договор за концесија на Владата на РМ со која државен орган, агенција или фонд основачи од Владата на РМ или единица на локална самоуправа се стекнала со право на градење или договор со заедницата на сопственици на делови на објектот или писмена согласност од мнозинството на сопственици на посебните делови од половина од вкупната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот доколку се работи за доградба и надградба на згради во етажна сопственост или имотен лист со запишано право на сопственост на РМ или конечно рашение за експропријација доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни градби ),

8. Геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште,

9. Решение за трајна измена на режим на сообраќај од надлежен орган доколку се бара одобрение за придружно услужни објекти на општински патишта,

10. Овластување за изградба на градби за производство на електрична и топлинска енергија од надлежен орган доколку се бара одобрение за градби за производство на електрична енергија,

11. Нотификација за пренос на електронски податоци издадена од Агенцијата за електронски комуникации доколку се бара одобрение за електронски и комуникациски мрежи и средства,

12. Решение со кое се одобрува основање на депонија издадено од надлежен орган доколку се бара одобрение за депонии за интерен отпад

13. Доказ за извршена уплата на административна такса за издавање на одобрение за градење во износ од 3050ден. согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за административни такси.

У П А Т С Т В О

за добивање на одобрение за градење за објекти кои во рамките на ИПАРД програма се градат на градежно земјиште за кое е донесена урбанистичко – планска документација

-Потребна документација

За добивање на одобрение за градење, инвеститорот поднесувал писмено барање (образецот на барање е утврден со Правилникот за формата и содржината на барањето за одобрение и формата и содржината на одобрението за градење објавен во Службен весник на Република Македонија бр.24/11) до општината на чие подрачје треба да се гради објектот.

Кон барањето се доставува следната документација:
1. извод од планска документација (детален урбанистички план или урбанистичи план за вон населено место или урбанистички план за село или локална урбанистичка планска документација)
2. архитектонско – урбанистички проект заверен од надлежен орган доколку со урбанистичкиот план или локалната урбанистичка планска документација е предвидена изработка на овој проект
3. основен проект во три примероци со извештај за ревизија на основниот проект или писмен извештај со согласност за нострификација на основниот проект доколку истиот е изработен во странство
4. доказ за право на градење (имотен лист со запишано право на сопственост или право на долготраен закуп односно право на службеност на градежното земјиште на барателот или договор за пренесување на правото на градење на предметно градежно земјиште)
5. геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште

Забелешка: Основниот проект содржи студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина односно елаборат за заштита на животната средина одобрение од надлежен орган, доколку со прописите од областа на животната средина е предвидено изработка на студија односно елаборат за овие градби.

-Постапка за издавање на одобрение за градење

Општината е должна во рок од 15 дена од приемот на барањето да ја разгледа доставената документација и да утврди дали истата е комплетна, дали основниот проект е изработен во согласност со законските прописи и планската документација и дали барателот е единствен носител на правото на градење. Доколку доставената документација е комплетна, надлежниот орган е должен да ги извести субјектите надлежни за електроенергетската водоводна и канализација инфраструктура како и другите надлежни субјекти утврдени со Закон за градење, кои се должни да извршат увид во проектот и да се произнесат на записникот дали имаат забелешки.
Доколку основниот проект е изработен во согласност со законските прописи и планска документација, субјектите надлежни за електроенергетска, водоводна и канализациона ифраструктура односно другите надлешни субјекти немаат забелешки и барателот единствен носител на правото на градење, надлежниот орган е должен да го завери основниот проект и да достави до барателот известување со пресметка за плаќање на надоместокот за утврдување на градежноро земјиште (комуналии).
Инвеститорот е должен да го плати надоместокот за уредување на градежното земјиште или со општината да склучи договор за плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште на рати или да склучи договор со кој е утврдено дека инвеститорот ќе го уреди земјиштето на сопствен трошок или да достави банкарска гаранција за плаќање на надоместокот или да востанови хипотека во корист на општината, а општината може да донесе и акт со кој инвеститорот ќе го ослободи од плаќање на надоместокот.
Одобрението за градење се издава во рок од пет работни дена од доставување на доказ за регулиран надоместок за уредување на градежно земјиште (комуналии).

-Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци

Доколку доставената документација не е комплетна и/или основниот проект не е изработен во согласност со законските прописи и планска документација, субјектите надлежни за електроенергетска водоводна и канализациона инфраструктура како и другите надлежни субјекти имаат забелешки и/или барателот не е единствен носител на правото на градење, општината е должна да донесе заклучок за прекинување на постапката и да го задолжи барателот да ги отстрани констатираните недостатоци и да го дополни барањето во рок од 15 дена од денот на приемот на заклучокот.
Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето, надлежиот орган е должен да донесе решение за одбивање на барањето за одобрение за градење во рок од седум дена од истекот на рокот за дополнување, а доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и го дополни барањето, надлежниот орган е должен да достави до барателот известување со пресметка за плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште (комуналии), во рок од два дена од компетирањето на документацијата.