Општинска администрација

Општинска администрација, Организациона структура на општина Струмица

Општинската администрација на Општина Струмица се организира во следниве сектори, одделенија и територијална противпожарна единица:

Секретар на општина Струмица
Работни цели: Остварување на законско, ефикасно и ефективно работење и раководење со општинската администрација во насока на извршување на надлежностите на општината, обединување на работата на општината и раководење со сите административни службеници, како и подршка и спроведување на работата на градоначалникот.

Работни задачи и обврски:

– го организира, кординира, обединува и насочува извршувањето на работите и задачите во општинската администрација и се грижи за нивното законско, ефикасно, навремено и квалитетно извршување ;
– ја следи проблематиката во областите од надлежност на Општината, врши анализа на состојбата и дава иницијатива и предлози за нивно решавање;
– се грижи за остварување на стратешкиот план, програмата за работа и буџетот на општината , и врши координирање на подготовката на предлозите за стратешки план, програма за работа, програма за стручно усовршување, извештај за работење;
– ги следи и се грижи за спроведување на одлуките, заклучоците, насоките и упатствата на градоначалникоти се грижи за уредноста и ажурноста во работата по предметите и изготвува концепции за унапредување на организацијата, за функционирањето и за методот на работа на општинската администрација;
– одржува редовни колегиуми со раководителите на секторите/одделенијата и дава упаства на раководните и другите административни службеници,
– го советува и му помага на Градоначалникот во врска со комплексни активности и постапки што претставуваат новина и што не спаѓаат во редот на стандардните постапки;
– ја следи работата на јавните служби и предлага мерки за ефикасно и ефективно извршување на нивната работа;
– го обединува работењето и ја унапредува хоризонталната кординација на сите сектори/оделенија во општинската администрација; и
– соработува со други органи на локалната власт, како и со претставници на стопанството и на граѓанскиот сектор;
– дава совети по прашања поврзани со претставувањето на општината во рамките на ЗЕЛС и да учествува во работата на работните тела на општината, кога за тоа е овластен од градоначалникот.

Секретар на Општина Струмица: Александар Оџаков

тел. 034 348030, 034 336110

Одделение за внатрешна ревизија
Одделението за внатрешна ревизија ги врши следните работи:
– врши внатрешна ревизија, согласно со закон и со системот на процедурите за внатрешна ревизија воспоставени од општината, согласно со меѓународните стандарди за професионално работење на внатрешната ревизија, прифатени од Министерството за финансии;
– подготвува годишен план за внатрешна ревизија и по одобрување од градоначалникот на општината, го обезбедува неговото спроведување и следење;
– доставува извештаи за извршената внатрешна ревизија до градоначалникот на општината;
– подготвува квартални и годишни извештаи за работењето на внатрешната ревизија;
– врши оценување на значајни фактори на ризик и дава совети на градоначалникот на општината, за намалување на истите;
– ја утврдува економичноста, ефикасноста и ефективноста во работењето на системите за финансиско управување и контрола и дава препораки за подобрување на работењето на општинската администрација;
– ја следи и проверува точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи;
– ја утврдува и оценува усогласеноста на работењето со законите, подзаконските акти и актите на органите на општината.

Раководител: Марија Гарванлиева, тел.034 348-030

Сектор за управување со човечки ресурси и обуки
Секторот за управување со човечки ресурси и обуки ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
– следење, проучување и применување на законските прописи од областа на локалната самоуправа, работните и службеничките односи;
– подготвување на предолог-одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на работите на општинската администрација, предлог-правилник за систематизација на работните места во општинската администрација, како и измените и дополнувањата на овие акти;
– подготвување и обработување на податоци во врска со човечките ресурси и обработување на документација за изработка на анализи и информации;
– водење и ажурирање на електронската база на податоци за вработените;
– водење на персоналните досиеја на сите вработени во општинската администрација;
– водење на евиденција за присуство на работа на вработените како и прием и обработка на податоците за боледувања, нивна контрола и доставување до Секторот за финансиски работи;
– соработува со Министерство за информатичко општество и администрација и Агенцијата за администрација во однос на сите прашање поврзани со административните службеници (работни односи, обуки, оценување и др.);
– спроведување на постапката за вработување на државните службеници и на лицата без статус на државни службеници;
– пополнување и доставување на ДС обрасците до Централниот регистар за државни службеници што го води Министерство за информатичко општество и администрација;
– учество во подготвување на годишната програма за обука на државните службеници и вработените во општинската администрација без статус на државни службеници;
– анализирање на потребите за обуки, предлагање на насоки за доусовршување на вработените;
– координирање на процесот на оценување на државните службеници;
– координирање и подготвување на планот за користењето на годишните одмори и изготвување на решенијата за годишни одмори;
– предлагање на мерки за обезбедување на оптимални услови за работа на вработените;
– и други работи што ке бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.

Раководител: , тел.034 348030

Одделението за управување со човечки ресурси ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
– следење, проучува и применува законските прописи од областа на локалната самоуправа, работните и службеничките односи;
– подготвување на предлог-одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на работите на општинската администрација, предлог-правилник за систематизација на работните места во општинската администрација, како и измените и дополнувањата на овие акти;
– ажурирање на електронската база на податоци за вработените;
– водење на персоналните досиеја на сите вработени во општинската администрација;
– водење на евиденција за присуство на работа на вработените како и прием и обработка на податоците за боледувања, нивна контрола и доставување до Секторот за финансиски работи;
– спроведување на постапката за вработување на државните службеници и на лицата без статус на државни службеници;
– пополнување и доставување на ДС обрасците до Централниот регистар за државни службеници што го води Министерство за информатичко општество и администрација;
– координирање на процесот на оценување на државните службеници;
– координирање и подготвување на планот за користењето на годишните одмори и изготвување на решенија за годишни одмори;
– и други работи што ке бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.

Раководител: Илија Тилев, тел.034 348030

Одделението за обуки, ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
– соработување со Министерство за информатичко општество и администрација во однос на сите прашања поврзани со Законот за државни службеници од областа на обуките;
– предлагање на мерки за обезбедување на оптимални услови за работа на вработените и нивно усовршување од аспект на примена на законските и подзаконските прописи од надлежност на општината;
– подготвување на годишната програма за обука на државните службеници и вработените во општинската администрација без статус на државни службеници;
– подготвување и обработување податоци во врска со човечките ресурси и обработување на документација за изработка на анализи и информации потребни за изработка на годишни планови за обуки;
– анализа на потребите од обука на државните службеници, подготвување на годишна програма за обука, буџет за реализација на годишната програма за обука, курикулуми за избор на обучувачи, го координира и следи процесот на реализација на годишната програма за обука и евалуација на обуките од аспект на примена на стекнатите знаења од остварените обуки;
– подготвува полугодишен извештај за спроведени специјализирани обуки за државните службеници и го доставува до Министерство за информатичко општество и администрација во електронска и печатена форма;
– изработката на технички спецификации за избор на надворешни организации за подготвување програми за обука и нивно изведување за потребите на Комисијата за јавни набавки;
– подготвува договори за регулирање на меѓусебните права и обврски при стручно оспособување и усовршување на државниот службеник по потреба на органот;
– следење и примена на прописите од областа во која работи, соработува со другите државни службеници и помага во остварувањето на останатите надлежности од делокругот на одделението;
– и други работи што ке бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.

Раководител: Николчо Стоилов, тел.034 348030

Територијална професионална противпожарна единица
Територијалната професионална противпожарна единица на општината ги врши следните работи:
– гаснење на пожари на подрачјето на општината
– отстранување на непосредната опасност за настанување на пожар
– спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загрозени од пожари и експлозии
– укажување на техничка помош при незгоди и опасни ситуации
– извршување на други работи при несреќи и непогоди
– врши непрофитабилни услуги заради подобрување на техничката опременост и услови за работа, кои не го оневозможуваат или попречуваат вршењето вршењето на основната функција
– заедно со територијалнмите единици од општините на во РМ, дејствуваат како противпожарни единици на Република Македонија, заради оперативно делување при гаснењето на големи пожари на целата територија на Република Македонија
– давање помош кога тоа е побарано при гаснењето на пожари во други држави
– водење на посебна евиденција за настанатите пожари, експлозии, интервенции за гаснење и интервенции за други настани според единствената методологија и известување на Дирекцијата за заштита и спасување и општината за тоа
– периодично испитување и проверка на исправноста на противпожарната опрема со која располага Територијалната противпожарна единица
– тековна поправка и одржување на механиката
– давање на противпожарно обезбедување на објекти, делегации, јавни собири, спортски и други манифестации, во координација со Министерството за внатрешни работи
– врши обука од областа на противпожарната заштита за припадниците на АРМ
– едукација на граѓаните за заштита од пожари, преку организација на предавања, преку медиум ии организирање на други активности
– врши и други работи што ќе и бидат доверени.

Работите од став 1 на овој член, Територијалната професионална противпожарна единица на општината ги врши на подрачјето на општината, а ги покрива и подрачјата на општините Босилово, Василево и Ново Село. Во рамките на Територијалната професионална противпожарна единица функционира команден оперативен центар, противпожарен и автомеханичарски сервис организирани како 1 чета со 4 одделенија.

Заради оперативно делување при гаснење на големи пожари, територијалната професионална противпожарна единица може да врши работи и на територијата надвор од општините наведени во став 2 од овој член.

Заменик командир на ТППЕ: Александар Гудев

Сектор за инспекциски работи
Секторот за инпекциски работи врши инспекциски надзор и контрола на примената на законите и други прописи и акти донесени врз основа на закон кои се однесуваат на општината; инпекциски надзор и контрола на примената на прописите и актите донесени од страна на органите на општината и превзема мерки за отстранување на сите неправилности при примена на истите, во согласност со закон.

Одделението за инспекциски работи во урбанизмот, комуналните работи, заштита на животната средина, патниот сообраќај и локалните патишта и улици врши инпекциски надзор и контрола на примената на Законите и другите прописи и акти донесени врз основа на закон, прописите и актите донесени од страна на органите на општината, а кои се однесуваат на урбанизмот, комуналиите, заштитата на животната средина патниот сообраќај и локалните патишта и улици.

Раководител: Ѓорги Бонев Тел. 034/348-030

Одделението за инспекциски работи во финансиите, образованието, спортот, угостителството, туризмот и други области во надлежност на општината врши инпекциски надзор и контрола на примената на Законите и другите прописи и акти донесени врз основа на закон, прописите и актите донесени од страна на органите на општината, а кои се однесуваат на организацијата на работата на основните и средните училишта во општината; утврдувањето и наплатата на општинските даноци, такси и надоместоци; спортските објекти во општината; угостителството; туризмот и други инпекциски работи за кои со закон е надлежна општината.

Pages: 1 2