Водостопанство

ХИДРОГРАФСКА МРЕЖА НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

Водоснабдувањето на општина Струмица со индустријата се врши од акумулацијата Турија од 1978 г. Годишно Струмичкиот слив испорачува 5.5 – 6 милиони м3 сирова вода на ЈПКД Комуналец преку доводниот цевовод од браната Турија до фабриката за вода. Водоснабдувањето на Струмица до 1978г. е вршено од акумулацијата Водоча.

Во акумулацијата Водоча се чуваат секоја година како резерва 1-1.5 милиони м3, во случај на прекин на водата од Турија. Во акумулацијата Турија секоја година се чуваат како резерва за градот 10 милиони м3 вода. За наводнување на површините од ХМС Турија годишно се испорачуваат од 3 до 18 милиони м3. Во ХМС Турија просечно се наводнуваат од 1000 до 2500 ха годишно. При наводнувањето водата минува низ турбините на ХЕЦ Турија, која е во сопственост на Електростопанство на Македонија, и годишно се произведуваат од 500.000 до 1.200.000 kwh.

Во ХМС Водоча годишно се наводнуваат од 400 до 600 ха, со просечна годишна потрошувачка на вода од 5-6 милиони м3 вода. Во општина Струмица од овој систем се наводнуваат земјоделски површини во атарите на Струмица, Баница, Водоча, Вељуса и Добрејци.
Од населбите кои се дел од општината Струмица, од ХМС Турија се наводнуваат земјоделските површини само од Просениково.
Водите од акумулацијата Маркова река, се користат за снабдување на Куклиш и Свидовица и за наводнување на 300ха во атарите на Градско Балдовци и Куклиш.

ХМС ВОДОЧА

Брана Водоча се наоѓа во сливот на р. Водоча 4,5 км спротивно од с.Водоча и 14 км западно од Струмица. Градено е во периодот од 1962-1965 година, а со користење на водите за наводнување е започнато во 1966 година.
Спаѓа во типот на камено земјени брани со нафрлен и распаднат шкрилец. Намената и е за наводнување на дел од Струмичкото поле со површина од 3100 ха и како резерва за водоснабдувањето на град Струмица.

ХМС ТУРИЈА

Брана Турија се наоѓа во сливот на р.Турија 4 км спротиводно од с.Доброшинци и 16 км северно од Струмица. Спаѓа во типот на камено-земјени брани со централно глинено јадро благо наклонето кон спротивната косина. Изградена е во периодот од 1968-1971 година, а пуштена е во екплоатација во 1973 година. Наменета е за водоснабдување на град Струмица и индустријата, наводнување на дел од Струмичкото поле со површина од 10.050 ха и за добивање на хидроенергија со двонаменско користење на водата или во случај на појава на прелив. Со Акумулацијата Турија со бруто запремнина од 50.350.000 м3 се овозможува повеќегодишно израмнување на билансот на водите на река Турија.

Во периодот од 1984-1985 г. Изградена е ХЕЦ Турија . За Нејзините потереби водата се зафаќа од челичниот цевовод и се води до две францисови турбини,а потоа водата ослободена од енергијата пак се враќа во доводниот канал. Инсталирана снага на ХЕЦ Турија е 2,02 MW, а инсталираниот проток е 4,6 м3/сек при што во сезона за наводнување можат да се произведат до 2.000.000. KW h електрична енергија.

ХИДРОСИСТЕМ МАРКОВА РЕКА

Хидросистемот Маркова Река – Струмица е наменет да обезбеди вода за водоснабдување на околу 5000 жители во населените места Куклиш и Свидовица и вода за наводнување на околу 300 ха плодно земјоделско земјиште во атарот на населените места Куклиш,Свидовица и Градско Балдовци.
Хидросистемот го сочинуваат следните основни целини:
– Брана со акумулација Маркова Река
– Воден цевовод од браната до разделната шахта за водоснабдување и наводнување
– Систем за водоснабдување
– Систем за наводнување
Браната Маркова река е насипана (камено-земјена) брана со централно глинено јадро, филтерски слоеви и косини од нафрлан камен. Изградена е на истоимената река, 7 км јужно од Струмица и на околу 1 км возводно од вливот на Маркова река во р.Тркајна.

МАЛИ СИСТЕМИ ПОД БЕЛАСИЦА

Беласичкиот слив или т.н. подгорски систем се протегаат по подножјето на планината Беласица од Ст.Коњарево до Куклиш, зафаќајки ги проточните и изворските води.На проточните води под Беласица има изградено тиролски зафати кои ја зафаќаат водата спроведувајчи ја со реконструирани и новоизградени канали до површините за наводнување.

1.Мал систем-Банско

Со изградениот Тиролски зафат-Воденица – На дервенска река со променлив проток од 70-120 л/сек., или среден протокод 80 л/сек, се овозможува наводнување на површини во атарот во с.Банско.
Дополнување на споменатата вода се врши со капацитет од 26л/сек.
Овој мал систем покрива површина од 161 ха со каналска мрежа од 9,1 км, од кои моментално се во функција само 4,4 км. Главниот канал е од камена облога,а има вкупно 10 секундарни канали.

ОДВОДНУВАЊЕ НА СТРУМИЧКОТО ПОЛЕ

Површината на Струмичкото поле изнесува 20.700 ха, а ограничено е со планините:од југоисток со Беласица,од југозапад со Еленица и од североисток со Огражден.
Серијата на беласичките и огражденските порои се сливаат од двете страни, само еден дел од нивните води не се прифаќа во речните корита. Реципиенти за површинските води, односно за пороите се:
Од левата страна за огражденските порои се Азмак и р.Турија.
Од десната страна за беласичките порои се реките Тркања, Водоча и Моноспитовскиот канал.Главен реципиент за прифаќање на сите површински води за Струмичкото поле е р.Струмица.
Работите на уредувањето на речните корита и одводнувањето на Струмичкото поле беа отпочнати во 1947 година, и беа завршени во 70-тите години. Со овие работи беа обезбедени услови за одводнување на постојаните замочварени површини во познатото Моноспитовско Блато и одбрана од поплави на плодните површини во Струмичкото поле.

Реден број

Опис

Должина во километри

Забелешка

1

Река Струмица

34,50

Од македонско – бугарска граница до зафатот за наводнување Владевци

2

Река Турија

9,00

Од вливот на р.Струмица до патот с. Просениково-с.Сарај

3

Моноспитовски канал

10,25

Од вливот на р.Струмица до почетокот на Моноспитовското Блато

4

Река Водоча

20,50

Од вливот во Моноспитовскиот канал(блато)до с.Водоча

5

Кракот БУЧ спој Со р.Водоча

2,00

Од преливот Просениково на р.Струмица до вливот во р. Водоча на 14+000.

6

Река Тркања

4,96

Од вливот во Моноспитовскиот канал до близината на базната преграда на р.Тркајна.

7

Младински канал

9,50

Во подножјето на Беласица од с.Мокрино со влив во р.Струмица

Опис на речните корита

Пред Втората светска војна состојбата на речните корита била многу лоша. Не можело да стане збор за некакви регулациони работи, па немало ниту една река или порој што биле регулирани. Се било оставено на природната стихија, големите води не можеле да бидат прифатени во нерегуларните корита, а Струмичкото поле било почесто поплавувано, па дури и од средни и мали води.
Поради таквата лоша состојба во која се наоѓале реките и водотеците,првите работи на одводнувањето се започнати со изведбата на Младинскиот канал, за прифаќање на вишоците води од беласичките порои и прокопување на Моноспитовскиот канал како први одводнувања во Струмичката котлина. Потоа следува делумната регулација на р.Струмица и на некои други порои и водотеци.
Со изготвувањето на хидролошка студија за р.Струмица во 1963 година, следи организиран пристап за изработка на техничка документација. Тоа било услов да се пристапи кон организирана изведба на регулациони работи на повеќе рек

1.Река Струмица

Како главен реципиент за прифаќање на површинските води за Струмичкото поле е р.Струмица. Регулационите работи се изведени од км 0+000 до км 34+500, односно од македонско-бугарската граница па до зафатот за наводнување ,,Владевци,,. Прокопано е ново регулационо корито, формирани се вештачки насипи за обезбедување на протек на големите води, со двоен попречен профил и други придружни објекти и мостови. На потегот кај с. Просениково е изграден преливен објект за растоварување на река Струмица од големите води и префрлување во Моноспитовскиот канал, кој преку водите одат во Моноспитовското блато,а од таму пак во р. Струмица на км 11+784,30.

2.Река Турија

Регулационите работи на р.Турија се започнати со прокопувањето на ново речно корито за свртување на истото во Азмак,со што вливот сега е кај с.Турново во р.Струмица,наместо стариот водотек кој се влеваше кај с.Просениково. Ова е изведено заради растоварување на р.Струмица на овој потег. Во овие реони кои страдаат од поплави,плодните површини можеа да бидат засадени со култури дури во месец мај,по повлекувањето на водите.Реката Турија служи и како реципиент на отпадните води од ХМС,,Турија,, чија бруто површина изнесува 11015 ха.

3.Река Тркајна

Извршени се регулациони работи од вливот во Моноспитовскиот канал на км 0+000 до км 4+980 во должина од околу 5,0 км. до пред базната преграда. Изведената базна преграда има функција на смирување на поројните води и како такви ги спроведува во регуларниот дел од речното корито.

4.Река Водоча

Извршени се регулациони работи на речното корито во должина од 20.50 км. и тоа од вливот во Моноспитовскиот канал, па се до клисурестиот дел на реката над с. Водоча, со сите придружни проектирани објекти (каскади, прагови, риголи, мостови).